ЕК СО ОСТРИ КРИТИКИ ЗА ДРЖАВНАТА ПОМОШ: Информациите нецелосни, критериумите за избор на корисници нејасни
Објавено во: Економија 10 Ноември, 2023
Извештајот на Европската комисија дава реалистична слика за македонската економија во периодот на енергетска и ценовна криза, со нагласен критички тон за клучни реформски приоритети за кои постои ограничен напредок и кои се повторуваат во секој извештај, посочува „Фајненс тинк“ во спојот последен коментар посветен на извештајот на ЕК.
- Извештајот ја нагласува потребата мерките за справување со последиците од енергетската криза да бидат таргетирани кон ранливите слоеви од населението и да бидат од времен карактер. Извештајот забалежува дека Владата и Министерството за финансии презедоа и несоодветно управуваат со повеќе фискални ризици, чијашто материјализација ќе се рефлектира и врз ерозија на јавните финансии, и дополнително ќе влијае врз инфлависките притисоци. Тоа се ризиците за кои постојано се произнесува и домашната експертска јавност, и тоа: Намерата растот на платите во јавниот сектор да се врзе со растот на просечната плата, за што и Finance Think укажа дека ќе доведе до статистички-експлозивен процес, имајќи предвид дека платите во јавниот сектор се составен дел од пресметката на просечната плата, така што, технички гледано, растот на просечната плата ќе води кон раст на платите во јавниот сектор, а тоа веднаш ќе се одрази врз раст на просечната плата, и така во круг без крај – објаснуваат од Институтот за економски истражувања и политики „Фајненс тинк“
Тие воедно дополнуваат дека оваа намера треба да се напушти, а платите во јавниот сектор да се врзат за агрегат во чија пресметка не влегуваат или влегуваат индиректно, како на пример, продуктивноста или просечната плата во приватниот сектор.
Уште еден проблематичен сегмент на кој укажува ЕК, како што посочува „Фајненс тинк“, е изградбата на автопатските коридори 8 и 10д, со изведувачот Бехтел-Енка, за чија реализација беа донесени посебни законски решенија кои оставаат простор за поткопување на владеењето на правото.
- Извештајот укажува на недоволен напредок во справувањето со сивата економија, иако забележан е импулсот што во овој домен може да го даде преземањето на координацијата од страна на Министерството за финансии и усвојувањето на новата 2023- 2027 Стратегија за формализирање на неформалната економија со акциски план. Извештајот наведува дека мерките и стратегиите за подобрување на бизнис окружувањето не се доволно систематски и конзистентни. Покрај справувањето со сивата економија која ги поткопува буџетските приходи, претставува и кочница за развој и конкурентност на формалниот бизнис - појаснуваат од „Фајненс тинк“.
Тие исто така укажуваат дека во извештајот на ЕК нотиран е напредок во однос на оптимизацијата на парафискалните давачки. Иако оптимизацијата е бавна прифаќањето на акцијата од вклучените општини е со задоволителна динамика.
Инсититутот укажува дека особено остра критика во извештајот има за управувањето со државната помош.
- Ефектите од државната помош врз ефикасноста и конкуренцијата сè уште не се оценети. Посебно се критикува државната помош дадена на компании преку Планот за економски раст, нагласувајќи дека јавните информации што ги дава владата за државната помош за компаниите остануваат нецелосни, а критериумите за избор на корисници честопати се нејасни. Во остатокот од економскиот дел, Извештајот се фокусира врз потребата од структурни реформи за чие спроведување и резултати е потребен подолг рок, а тоа се областите на човечки капитал, физичка и енергетска инфраструктура и иновации, кои во најголем дел беа присутни и во претходните Извештаи – посочуваат од „Фајненс тинк“.
П.О.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.