Еко билбордот кој го апсорбира загадениот воздух поставен во центарот на Скопје
Објавено во: Македонија 22 Март, 2017 13:35
Германската амбасада и Центарот за истражување и информирање за животна средина „Еко-свест“ денеска на Скопје му подарија еколошки билборд – комбинација од васкуларни растенија и мовови кои креираат симбиоза, заедно функционираат и придонесуваат за прочистување на амбиентниот воздух.

Билбордот „City Tree” е поставен во центарот на градот, на улицата Никола Кљусев, во близина на хотелот Мериот.
Германската амбасадорка Кристина Алтхаузер нагласи дека климатските прашања ги надминуваат границите на државите.
- Прашањата поврзани со заштитата на животната средина се приоритет во Германија. Нашата влада многу посветено работи на овие теми, а поттикнува активности за заштита на средината и во странство. Ми претставува задоволство што реализацијата на овој проект е резултат на партнерство, на симбиоза, исто како што функционира и билбордот „City Tree“ од кој корист ќе имаат граѓаните на Скопје – изјави Алтхаузер.

Еколошкиот билборд, како што објасни Ана Чоловиќ Лешоска, од „Еко-свест“ претставува комбинација од васкуларни растенија и мовови кои креираат симбиоза со моќ да апсорбираат штетни честички од воздухот (NО2, CО2 и цврсти честички со големина од 10 и 2,5 микрометри). Билбордот има ефект на филтрирање воздух како 275 дрвја, годишно. City Tree е одржлива инсталација со систем за наводнување, зафаќање на дождовницата и соларен панел.
Ваков билборд вчера беше поставен и во Тетово.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




