24 Ноември, 2024
0.0254

ЕКО-ФЛУИД - Решение за најголемите загадувачи на животната средина – отпадните моторни масла

Објавено во: Мои пари 30 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Дали знаете дека еден литар отпадно моторно масло одложено во почвата доведува до трајна неплодност на почвата, преку која може да се влее и во природните води?

Дали знаете дека еден литар отпадно моторно масло одложено во водите загадува 1.000.000 литри вода?

Дали знаете дека палењето на отпадните моторни масла ослободува јаглерод моноксид, сулфурни и азотни оксиди, метан, тешки метали и сл... кои се особено опасни по здравјето на луѓето и животните?

Сето ова придонесува до уништување на квалитетот на животот, па поради овие причини во раните деведесети години во Германија за првпат се воведуваат законите за задолжително рециклирање на отпадот и започнува развојот на циркуларната економија. Кај нас за првпат овие закони се воведуваат во 2011-та година, со Законот за отпад од пакување, а во јануари 2024-та година стапува на сила Законот за дополнителни текови на отпад, каде што е вклучен и отпадот од моторните масла.

Системот на циркуларната економија наложува производителот да се грижи за својот производ од неговото производство, продажбата и крајната дестинација каде ќе заврши отпадот од нивниот производ.

За таа цел во нашата држава се формирани непрофитни компании, колективни или самостојни постапувачи кои што ги контролираат овие текови на отпад.

ЕКО-ФЛУИД е првиот колективен постапувач, лиценцирана компанија во С.Македонија која што се грижи за управувањето на моторните масла и отпадните моторни масла, спроведувајќи го начелото “Загадувачот плаќа”.

ЕКО-ФЛУИД како непрофитен правен субјект е формирана од четири компании кои што се производители/увозници на моторни масла од кои што три се домашни македонски компании, додека пак една компанија има капитално потекло токму од Германија, од каде што се темелите за развојот на циркуларната економија. Компанијата вбројува околу 80 компании, членки, кои што се производители (увозници) на моторни масла, што претставува 35% од уделот на нашиот пазар. За овие компании, членки ЕКО-ФЛУИДги презема сите законски обврски и преку својата единствена електронска платформа е на располагање во секое време.

Целта на работењето на колективниот постапувач е да се спроведува начелото “Загадувачот плаќа”, односно членките на ЕКО-ФЛУИД при увоз или пак пуштање на пазар на производи од моторни масла имаат законска обврска да платат еколошка такса за таа количина. Со средствата кои што се уплаќа еколошката такса, ЕКО-ФЛУИД за крајните корисници, онаму каде што се создава отпадното моторно масло обезбедува соодветна опрема канистри за селектирање, складирање, како и целосно ги подмирува трошоците за организација на транспорт и финалното рециклирање. Во првите 6 месеци од работењето собрани се над 350 тони отпадно моторно масло на платформата на ЕКО-ФЛУИД.

Како особено важна обврска за поефикасно да се спроведуваат овие практики и да станат навика кај правните лица и граѓаните е едуцирањето и подигнувањето на свеста кај секого.

За таа цел ЕКО-ФЛУИД на самиот почеток на примената на законските обврски, односно во февруари 2024 година, во заедничка организација со Стопанска Комора на С.Македонија одржа панел дискусија за едуцирање на компаниите кои треба да го применуваат законот, каде што беа присутни гости од приватниот сектор, министерствата и локалната самоуправа.

Исто така, преку самостојни настани како што беше Денот на планетата земја 05.06.2024 година во Градски Парк, така и преку организирани настани каде што посетителите се од од 4 до 74 години, како Маалски игри без граници, Extreme Power City Tuning Show No.5, Tunning show No.4, ЕКО-ФЛУИД ја промовираше важноста на своето работење за животната средина преку интерактивни прашалници за посетителите и споделување на информации за законските обврски на правните лица и на нас како одговорни граѓани.

Оваа година ЕКО-ФЛУИД склучи меморандум за соработка со Стопанска Комора на Северозападна Македонија, со која што се планирани многу заеднички едукативни работилници, а исто така започна и соработка со Нуркачкиот клуб Акватек од Охрид, каде што дава безрезервна поддршка во спроведување на еколошки акции за Езерото Охрид како и едукација на најмладите преку игри и активности.

Следните активности кои што се планирани од страна на ЕКО-ФЛУИД е зацврстување на соработката со локалната самоуправа која што е взаемна законска обврска како и големата промоција на компанијата која што ќе се одржи на 3-ти август во Охрид, каде што преку ден ќе бидат опфатени плажите на Охридското крајбрежје додека пак во вечерните часови ќе биде поставен штанд во центарот на Охрид каде што секој минувач ќе може одблиску да се запознае со работењето на компанијата како и потребата и обврската за рециклирање на отпадните моторни масла.

Досегашниот успех на ЕКО-ФЛУИД се темели на посветеноста кон највисокитемеѓународни стандарди и отворена соработка со заедницата, овозможувајќи поквалитетен живот за сите.


Web: https://ekofluid.mk/

Facebook: https://www.facebook.com/profile.php?id=100066966047001

Instagram: https://www.instagram.com/ekofluid.mk/?locale=en_US

ПР објава

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас

БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас

Се одржа Првата Регионална Конференција за обработка на дрво и производство на мебел во организација на МЕБЛИНГ

Се одржа Првата Регионална Конференција за обработка на дрво и производство на мебел во организација на МЕБЛИНГ

Успешната визионерска приказна на ЕЛЕНА ЛУКА на „Profemina“ 2024

Успешната визионерска приказна на ЕЛЕНА ЛУКА на „Profemina“ 2024

Најчести „грешки“ кои треба да ги избегнувате кога аплицирате за кредит

Најчести „грешки“ кои треба да ги избегнувате кога аплицирате за кредит

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

Премиера на новиот BMW X3 во Македонија

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Ексклузивно лансирање на новиот Porsche 911 во Скопје

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Black Friday во „Литература.мк“ со сериозно големи попусти до 90%

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Samsung го лансира новиот Galaxy A06: Проширување на границите кај паметните телефони од средна класа

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“

Иновативните политики покренуваат значајни промени: Одржана конференција „„ReThink: Учиме од Шведска“