19 Декември, 2025
0.3282

ЕКО Грција – подружница на Хеленик Петролеум, главен спонзор на импресивното ЕКО Акрополис Рели

Објавено во: Мои пари 05 Септември, 2022 13:45

Добивај вести на Viber

Светската автомобилска елита ќе биде дел од ЕКО Акрополис Рели (EKO Acropolis Rally), што ќе се одржи во Централна Грција од 8 до 11 септември. Втора година по ред ЕКО Акрополис Рели (EKO Acropolis Rally) е дел од годишниот календар на ФИА Светското првенство во рели (FIA World Rally Championship) кое е највисокото интернационално натпреварување во оваа автомобилска дисциплина.

Главен спонзор на ова историско рели е ЕКО Грција, подружница на групацијата Хеленик Петролеум,  на која припаѓа и компанијата ОКТА АД - Скопје. ЕКО има долгогодишната соработка со Акрополис Рели која трае повеќе од 10 години. Оваа година ЕКО ќе биде и главен спонзор на ЕКО супер специјалната рута (EKO Super Special Stage), која ќе се одржи на 8 септември, на Олимпискиот стадион „Спиридон Луис“ во Атина, веднаш по официјалното отворање на настанот. Организаторите очекуваат полн стадион кој може да собере 70.000 публика.

Во текот на четирите дена, организирани се вкупно 16 рути од кои 3 целосно нови, додека пак останатите се веќе многу добро познати како едни од најтешките за возење во светот на рели натпреварувањата. Љубителите на автомобилските трки ќе имаат можност да уживаат во врвното натпреварување помеѓу најдобрите светски рели имиња.

Акрополис Рели е интернационално реномирано натпреварување со богата историја кое се одржува уште од 1951 година, правејќи го едно од најдолготрајните и најпрестижни рели натпреварувања во светски рамки.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии