Еко такса од 2015-та ќе ја поскапи белата техника
Објавено во: Мои пари 19 Јуни, 2013 16:13
Од 1 јануари 2015 година во Македонија се воведува еко такса за увоз и продажба на електричните апарати, која според увозниците, ќе придонесе да се зголемат цените на апаратите за домаќинство.
Таксата е согласно европските регулатива, а се пресметува врз основа на видот, тежината и трошокот за рециклирање на апаратот. Бојан Лалиќ од „Техномаркет“ вели дека давачката на пример за еден фрижидер кој тежи 60 килограми таксата би била 3.000 денари. Според него сумата е висока и смета дека треба да се одложи примената на оваа регулатива. „Постои опција наместо да се плаќа еко такса да се формира посебно здружение на увозници кое за одреден надоместок ќе врши собирање и уништување на апаратите и тогаш таксата ќе биде договорна“, појасни Лалиќ кој потенцира дека и во тој случај ќе поскапат апаратите. Во овој случај фирмите увозници би платиле на тој колективен постапувач, но колку не се знае бидејќи во земјава се уште не е формирано такво здружение. Од Министерството за животна средина информираат дека засега увозниците на бела техника треба само да се регистрираат кај нив, бидејќи во спротивно нема да може да работат. Ленче Кучиева, помошник раководител во секторот за ЕУ во Министерството за животна средина и просторно планирање вели дека постои можност да се одложи примената. Средствата од еко таксата ќе се слеат во државната каса за финансирање на еко проекти за управување со отпад на електрични апарати.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





