„Еколог“ ја потврди смртта на тетовчанецот во Африка
Објавено во: Македонија 11 Јуни, 2018 08:57
Компанијата „Еколог“ за ТВ21 го потврди вооружениот напад кој се случил во петокот во градот Гао во Мали, во кој загина возач од Тетово. Двајца други исто така нивни работници се повредени, но според информациите кои тие ги соопштија, се надвор од животна опасност.
-Со длабоко жалење потврдуваме дека за време на обидот за грабеж во Гао, Мали, тројца вработени во нашата компанија биле нападнати. За жал, еден од вработените, Е.И од Тетово, им подлегна на повредите, додека други две лица кои се здобиле со повреди се надвор од животна опасност, се вели во официјалното сооштение од „Еколог“, потпишано од Кан Савул шеф на подружницата на компанијата во Мали.
Инаку, инцидетот се случи во петокот кога четири лица, се претпоставува членови на групацијата Боко Харам, го нападнале возилото за превоз на храна за мисијата на ОН во оваа африканска држава. Во нападот возачот бил убиен, додека две други лица биле ранети. Сите се вработени во компанијата „Еколог“.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




