29 Април, 2024
0.0254

Екологистите бараат мораториум за увоз на ГМО во Македонија

Објавено во: Агробизнис 22 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Повеќе македонски еколошки здруженија побараа да се забрани увозот на ГМО семе и сточна храна, а секој производител на месо, млеко и земјоделски производи да има обврска да парави анализи за тоа дали има ГМО во составот на храната.  Тие од Велес, побараа од Министерството за земјоделство да стави мороториум на дозволата за влез на ГМО храна за животни која во сила стапуба на 1-ви октомври  бидејќи сметаат дека државата не е подготвена на ова и ќе завладее хаос во увозот и извозот на генетски модифицирана храна. „Повлекување на правилникот кој како што сме информирани треба да важи од први октомври се до моментот кога државата ќе може да го контролира движењето на ГМО храната низ Македонија. На овој начин ќе се заштитат граѓаните, Државата и рехерентната лабараторијата од енормно зголемениот број на барања за проверка на производите", рече Ненад Коциќ, од Вила Зора. Екологистите велат дека се сигурни за штетност на ГМО храната и побараа од производителите на храна да ги испитаат производите и јасно на амбалажата да означат дали содржат или не содржат ГМО. „Ние немаме ништо против некој ако сака да конзумира таква храна, но сме за тоа секој што ќе произведува загадена храна да напиште на пакувањето, за да не ни се случи најлоштото. Јас верувам дека многу луѓе на своите деца ќе изберат да не им дадат млеко отколку да им дадат да пијат загадено со ГМО организми. Верувам дека државата се уште нема контрола над храната загадена со ГМО што ќе се увезува во земјава“,  смета Коциќ. Од Агенцијата за храна и ветеринарство пак уверуваат дека нема ГМО храна во земјава и засега не е доставено ниту едно барање за влез и промет на ваква храна, како за луѓе, така и за животни.Во соопштението испратено вчера, тврдат дека ГМО храната , ако има документи за потеклото, не е штетна. „Согласно најновите научни сознанија и ставот на Европската агенција за безбедност на храната (ЕФСА), која ги проценува и врши комуникација за сите ризици поврзани со синџирот на храната, се вели во реакцијата, законската материја која ја регулира оваа област во Република Македонија е целосно усогласена со европската легислатива, која инаку се смета за една од најрестриктивните и најригорозните од аспект на исполнување на условите за безбедност и пред добивање на одобрение за употреба на ГМО во добиточната храна.“стои во реакцијата на Агенцијата. Во Македонија има пет општини прогласени за ГМО слободни зони и во нив не е дозолено производство на таква храна. Станува збор за Велес, Валандово, Василево, Могила и Охрид.

Можеби ќе ве интересира

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?

ВО МАКЕДОНСКИТЕ ПЧЕЛАРНИЦИ СÈ ПОЧЕСТО ИМА ДРВЦА ПАУЛОВНИЈА: Кој е бенефитот од нив?