05 Декември, 2025
0.0817

Екологистите против изградба и на ски патеки на Водно

Објавено во: Македонија 09 Февруари, 2014 19:06

Добивај вести на Viber

Невладини организации, планинарски друштва, еколошки активисти и граѓани излегоа денеска на протестен марш од основното училиште Кочо Рацин до врвот на Водно, во знак на револт заради „секојдневното уништување на планината која е позната како белите дробови на градот“. Тие бараат надлежните институции веднаш да сопрат со изградбатана патот до Сончев град, телекомуникациската кула на врвот и најавениот проект за ски центар на Водно, бидејќи со тоа дополнително се влијае на уништување на флората и фауната на парк шумата. Најавуваат дека ќе покренат петиција и ги повикаа и останатите граѓани од цела Македонија да се потпишат за да се спречи уништувањето на Водно. Премиерот Никола Груевски ги уверува незадоволните граѓани дека оваа влада неспоредливо со која било друга во минатото инвестирала во озеленување на Македонија. „Оваа Влада како никоја досега инвестира во екологијата, особено во озеленување и садење нови дрвја, со цел Македонија во иднина да има почист воздух, да има поздрава еколошка средина и повеќе зеленило. Секако, некој може да каже дека тука и таму е исечено дрво за да се изгради некој објект, да се направи жичарница или некој пат. Некаде мора да се изгради нешто и не постои држава во која работите се застанати таму каде што се засадени дрва. Некогаш има потреба да се исечат, но односот на државите кон животната средина и зеленилото се гледа во тоа колку се засадуваат, а не само колку се исекле за да се создаде нешто или да се изгради. По глава на жител, Македонија е веројатно меѓу првите десет земји во светот по годишно садење дрвца“, додаде Груевски. Новиот тендер за изградба на ски патеки на Водно беше објавен неодамна. ЕЛЕМ бара инвеститор со кој по принципот на јавно-приватно партнерство ќе изгради четири ски патеки од Милениумскиот крст кон Нерези и три ски лифта. Според планот, планираните ски-патеки се со вкупна должина од 3.850 метри, а ски лифтовите со должина од еден километар и 350 метри. Во проектот за скијачкиот комплекс е вклучена изградбата на административна зграда со површина од 240 метри квадратни, во чии рамки ќе има ресторан, скијачка школа и оддел за изнајмување скии. Највисоката точка на скијалиштето е на надморска височина од 1.050 метри.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

Горан Агелов-Ќосето е на слобода

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

БОPЕНКА ја заокружува есенската сезона на 5 декември, Светски ден на волонтерите и Светски ден на почвите

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“