Економиите ги наградуваат богатите наместо тешкиот труд на милиони луѓе: 1% од населението има 82% од светското богатство
Објавено во: Финансии 22 Јануари, 2018 10:04
1% од луѓето во светот сочинуваат 82% од светското богатство. Тоа го покажува новиот извештај на британската невладина организација Oxfam International. Информациите доаѓаат еден ден пред почетокот на Светскиот економски форум во Давос, кој ќе се одржи од 23 до 26 јануари.
Додека четири од секои пет заработени долари во 2017 година се сопственост на најбогатите луѓе во светот, истовремено најсиромашниот дел од човештвото не поседува ништо. Исто така еден од главните заклучоци на Oxfam е дека во минатата година е регистриран историски раст на бројот на милијардери и така јазот меѓу богатите и сиромашните станува уште поголем.
„Извештајот на Oxfam оваа година покажува како економиите ги наградуваат богатите наместо тешкиот труд на милиони луѓе. Со други зборови, богатите стануваат побогати, а луѓето на дното остануваат во замката на сиромаштијата“, коментира извршниот директор на организацијата Вини Бијанима.
„Нашите податоци покажуваат дека минатата година 82% од целото богатство во светот била сопственост на 1% од населението. Обратно, 3 милијарди и 700 милиони луѓе немаат ништо, 0% од светскиот раст во 2017 година“, додава таа.
Од 2010 година, богатството на т.н. „Економска елита“ порасна за 13% годишно, а како врвен момент на овој раст е меѓу март 2016 и март 2017 година. Тоа значи дека во просек годишно во светот се појавувале по деветмина нови милијардери. Но нееднаквост има и кај богатите - девет од секои десет милијардери се мажи.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите
Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција





