Добивај вести на Viber
Невработеноста во Холандија не е како во Шпанија или Грција, но таа постојано се зголемува и многумина стравуваат дека тоа ќе стане тренд.
Додека во Брисел трае расправата на министрите за финансии од еврозоната за патот за заживување на економијата на монетарната унија, една од нејзините најголеми економии се бори со многу предизвици. Холандија е во рецесија, а невработеноста достигна осум проценти, објавуваат странските медиуми.
Потрошувачката доверба е во опаѓање. Холанѓаните беа изложени на кризата од еврото, со што цените на недвижностите се намалија. А земјата може да го прекрши и златното правило на Европската унија – буџетскиот дефицит да не надмине три проценти од нејзиниот бруто домашен производ. Владата одложува одредени мерки за штедење со надеж дека економијата ќе закрепне во втората половина од годината.
-Ние сме воздржани. Го правиме она што е неопходно. Бевме лојални претходно, кога требаше да ги поддржиме земјите како Грција, а сега сме прагматични, а критиките во јавноста се се поголеми“, вели Јан Маринус, поранешен член на Европскиот парламент.
Се чини дека Холандската влада малку се коцка. Доколку овој план не успее, Холанѓаните можат да се најдат во тешка ситуација.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.