ЕКОНОМИЈАТА НА КОЛЕНА: Во Европа повеќе од 7 милиони туристички работници остануваат без работа
Објавено во: Економија, Корона Вирус 28 Април, 2020 17:30
Корона кризата ќе остави без работа 7 милиони туристички работници во Европа.
Претстојната туристичка сезона за граѓаните на Европската унија ќе биде многу поразлична од претходните години, бидејќи повеќето и не планираат да одат на летен одмор, пишува американскиот портал „Политико“.
Во овој сектор во ЕУ се вработени 22,6 милиони лица или 11,2 отсто од вкупно вработените во Унијата.
Туризмот во економијата на ЕУ учествува со 9,5 отсто.
Во Шпанија и во Италија, земјите членки кои се најпогодени од пандемијата, учеството на туризмот во економијата е уште поголем, над 14 отсто, односно повеќе од 13 отсто.
Туристичките агенции ќе изгубат 70 отсто од заработувачката, а за авио-компаниите и фирмите кои организираат крстарења со брод, тој процент изнесува 90 отсто.
Поради тоа се очекува дека 50 милиони работни места во туризмот, ширум светот, ќе останат затворени, оценува „Политико“.
Грција го разгледува воведувањето на здравствен пасош, кој ќе потврди дека патникот кој доаѓа во земјата нема коронавирус.Грција ја нагласи потребата за формирање заеднички протоколи за аеродромите, хотелите, јавниот превоз, угостителството и слично како и формирање Фонд за закрепнување за туризмот на европско ниво.
Властите во Италија и Франција, ги повикаа граѓаните наместо во странство, одморот да го поминат во своите земји.
Австрија планира да дозволи влез на туристи кои доаѓаат од земјите кои успеале да се справат со пандемијата, како што е Германија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





