05 Декември, 2025
0.0311

Економијата во првиот квартал минус 1,4 проценти

Објавено во: Економија 11 Јули, 2012 17:53

Добивај вести на Viber

Растот на БДП во првиот кваратал од годинава забележал пад од 1,4 проценти, констатира Комитетот за оперативна монетарна политика на вчерашната седница на која ги разгледа најновите макроекономски показатели, ликвидноста на банкарскиот систем и движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари. - Негативните ефекти од развојот на состојбите во евро-зоната, коишто се остварија преку намалување на странската побарувачка за домашни производи и влијанието на вонредните фактори, односно неповолните временски услови, имаа одраз врз растот на домашната економијата во првото тримесечје на годината. Така, во првиот квартал од 2012 година, БДП забележа реален пад од 1,4% на годишна основа. Влошувањето на глобалните економски изгледи создаде и надолни притисоци врз цените на примарните производи. Спротивно на очекувањата, цената на нафтата во второто тримесечје се движеше по надолна патека, што заедно со исцрпување на ефектот од еднократните фактори од претходните месеци, придонесе за остварување годишна стапка на инфлација од 2,1% во јуни, блиску до проектираното ниво за второто тримесечје, стои во соопштението од НБРМ. Во него се додава дека на девизниот пазар не беа  забележани  поголеми притисоци врз девизниот курс, односно бруто девизните резерви од почетокот на годината се одржуваат на релативно стабилно и соодветно ниво, обезбедувајќи доволен простор за амортизација на евентуални неповолни шокови.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети

Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети