18 Декември, 2025
0.0441

Економист ги стави кинеските хакери на врвот

Објавено во: Свет 22 Февруари, 2013 15:48

Добивај вести на Viber

Долги години разузнавачките служби и експерти за безбедност изразуваат сериозна загриженост дека кинески хакери со поддршка на Владата во Пекинг се обидуваат да крадат доверливи документи од западните земји.

Како што пишува „Економист“, ваквите обвиненија наоѓаат потврда во извештајот на американската фирма за кибернетска безбедност „Мандиант“, објавен на 19 февруари. Во него се опишува детално дејноста на мистериозната група хакери, која повеќе години напаѓала десетици компаниски мрежи, крадејќи огромно количество интелектуална сопственост.

„Бомбата“ во извештајот е тврдењето, кое е демантирано од кинеските власти, дека оваа кибер банда е всушност елитен оддел на Кинеската народноослободителна армија, познат како „Врска 61398“, чие седиште се наоѓа во еден обалкодер во близина на финансискиот центар на Шангај.

Иако е убедлив, документот на „Мандиант“ не ги задоволува сите експерти. Според скептиците, Кина не треба да биде автоматски обвинувана за секој поголем кибер напад во светот.

Кинеските хакерски напади налутија многу американски политичари, што доведе до големи сослушувања во Конгресот и контрамерки врз кинески фирми. На почетокот на месецов администрацијата на американскиот претседател Барак Обама ја соопшти својата намера за почеток на офанзива во областа на кибер-безбедноста.

Можеби ќе ве интересира

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина