19 Мај, 2024
0.0312

Економистот Јозев Стиглиц: Ако бев Грк, како јас би гласал на грчкиот референдум?

Објавено во: Балкан 30 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Јозев Стиглиц, светски почитуваниот американски економист и највлијателната личност во светот според Тајм за The Guardian го дава своето мислење, како би гласал тој на грчкиот референдум кој претстои.

„Растечкото крешендо на огорченост во Европа на атусајдерите може да им изгледа како неизбежен резулатат од горчливата игра меѓу Грција и кредиторите. Всушност, европските лидери конечно почнуваат да ја откриваат вистинската природа на актуелната дебата за долгото, а одговорот и не е баш најпријатен: станува збор за моќ и демократија многу повеќе отколку за пари и економија.

Секако, економијата позади програмата што тројката ја предвиди за Грција пред пет години се покажа како бездна, која  резултираше со 25% пад на БДП на земјата. Не можам да помислам на депресија, која толку отворено доведе до вакви катастрофални последици: Процентот на невработеноста меѓу младите во Грција, на пример, сега надминува и 60%, објаснува Стиглиц.

Изненадувачки е што тројката одби да земе било каква одговорност за ова, ниту пак да признае колку лоши се покажаа нивните предвидувања и модели за надминување на кризата. Но она што е уште поголемо изненадување е дека лидерите на Европа ништо не научија од ова. Тројката се уште бара Грција  да успее да дојде до првичниот буџетски суфицит од 3.5% од БДП до 2018 година.

Мора да сме јасни: речиси ниту една од големите суми на пари позајмени за Грција всушност не отидоа таму. Тие се потрошија да ги платат кредиторите од приватниот сектор- вклучувајќи ги германските и француските банки. Грција доби се освен милостина, но плати висока цена да го зачува банкарскиоте систем на овие две земји. ММФ и другите официјални кредитори немаат потреба од парите кој сега се бараат од Грција.

Но повторно не е се за парите. Во прашање се „крајните рокови“ да се присили Грција да потклекне и да ги прифати неприфатливите услови- не само мерките за штедење туки и агресивните и казнени политики.

Но зошто Европа го прави ова? Зошто лидерите на ЕУ одбиваат да сеправи референдум и одбиваат дури и да се продолжи рокот за враќање на долгот за неколку дена? Зарем Европа не е за демократија?

Во јануари, граѓаните на Грција гласаа за влада што ќе стави крај на штедењето. Ако владата едноставно  ги исполнува своите предизборни ветувања, таа веќе ќе го одбиеше предлогот. Но, та сака да им даде шанса на Грците тие самите да дадат оцена во однос на ова прашање, кое е од суштинско значење за благосостојбата на нивната земја.

Таа грижа  за народен легитимитет не е во согласност со политиката на Еврозоната, која никогаш и не беше некој демократски проект. Поголемиот дел од владите не бараат одобрување од граѓаните за тоа дал својата монетарната сувереност да и ја дадат на ЕЦБ. Кога Шведска го направи тоа, Швеѓаните рекоа не. Тие сфатија дека невработеноста ќе се зголеми ако монетарната политика на земјата е поставена од страна на централната банка, кој се фокусираше единствено кон инфлација (и, исто така, не обрнува доволно внимание на финансиската стабилност). Економијата ќе страда, бидејќи економски модел кој го форсира еврозоната е втемелена на моќни односи кои ги обесправуваат работниците.

И, секако, она што го гледаме сега, 16 години откако еврозоната ги институционализира овие односи, е антитеза на демократијата: многу европски лидери сакаат да го видат крајот на левичарската влада на премиерот Алексис Ципрас. Впрочем, крајно неповолно е да се има во Грција влада која е толку против видовите на политики кои имаат направено толку многу за зголемување на нееднаквоста во многу развиени земји. Тие изгледа веруваат дека тие евентуално може да го доведат крајот на грчката влада со тоа што ќе ја малтретираат со прифаќањето на договорот што е во спротивно со она што тој го вети пред изборите.

Тешко е да се советуваат Грците како да гласаат на 5 јули. Ниту една алтернатива – одобрување или одбивање на условите на тројката – нема да биде лесна, и двете носат огромни ризици. Гласање „за“ би значело депресија речиси без крај. Можеби осиромашена земја – земја која ги има распродадено сите свои средства, а чија паметна младина емигрирала – можеби конечно простување на долгот; можеби, тоа што ќе стана економија со среден приход, Грција можеби конечно да биде во можност да  добие помош од Светската банка. Сето ова може да се случи во следната деценија, а можеби и во деценијата потоа.

Спротивно на ова, гласањето „против“  барем ќе ја отвори можноста дека Грција, со својата силна демократска традиција, може да ја зграпчи судбината во свои раце. Грците би можеле да добијат можност да ја креира иднината што, иако можеби не така просперитетна како во минатото, е далеку подобра од тортурата на сегашноста.

Јас знам како би гласал“, пишува економистот во својата колумна, која може да ја прочитате на овој линк .

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

ВУЧИЌ ЗА АМАНДМАНИТЕ КОИ ГИ ПОДНЕСЕ ЦРНА ГОРА НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА: Тоа е валкана игра и перфиден трик

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

КРАДЕЛ НА ПЕЛОПОНЕЗ: Уапсен е македонски државјанин со „богато“ криминално досие

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ГЕРАПЕТРИТИС: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да ги стават во опасност односите со Грција

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ЛИДЕРОТ НА СИРИЗА ДО МИЦОТАКИС: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве ви шанса да го поништите

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

ПОЛИЦИЈАТА ЗАПЛЕНИ СЕКИРА И НОЖ: Четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора планирало терористички напад во Грац

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

Поради Рамштајн цените за сместување во Белград отидоа до небо! Ноќевање на некои места достигнува и до 80 000 динари, ден по концертот истите едвај се 5000

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

АТЕНТАТОРОТ ГОРД НА СВОЈОТ ЧИН: Поетот кој пукаше во премиерот на Словачка изведен пред суд

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

Мицотакис со уште една порака до Новата Влада за името Северна Македонија: Еве што порача

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс

„Поминавме седум километри за еден час“: Ако патувате кон Халкидики-подгответе се за хаос + еве како да го избегнете сообраќајниот колапс