19 Декември, 2025
0.0377

Економска состојба во Србија е најголемата безбедносна закана

Објавено во: Балкан 08 Октомври, 2013 11:20

Добивај вести на Viber

За денешниот број на весникот „Данас“,' советникот на српскиот премиер за национална безбедност, Ивица Тончев, изјави дека лошата економска ситуација е најголемата безбедносна закана за Србија, бидејќи доведува до зголемена корупција и криминал.

Според него, „луѓето се исплашени заради сегашната економска ситуација и се плашат од губење на работното место и од тоа дали ќе имаат доволно пари да го преживеат следниот месец“.

-Сето тоа влијае на зголемување на стапката на криминал и корупција, што ја загрозува безбедноста на сите граѓани на Србија, истакна Тончев, наведувајќи дека  во следниот период ќе волонтира во Владата на Србија.

Тончев  најави дека ќе се откаже од платата што ја прима за функцијата, бидејќи сака со личен пример да покаже сериозност и подготвеност приказната за промени да ја спроведе во пракса.

На прашањето од кои приходи ќе живее додека волонтира, Тончев изјави дека во текот на 20 години минати во странство заработил доволно пари, од што може пристојно да живее.

Можеби ќе ве интересира

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен