06 Декември, 2025
0.0336

Eкономската состојба на потрошувачите и нивното однесување на пазарот

Објавено во: Економија, Колумни 16 Октомври, 2014 07:55

Добивај вести на Viber

Економската состојба на потрошувачите во значителна мера влијае врз нивното однесување на пазарот. Меѓу најзначајните фактори кои ја детерминираат економската состојба на потрошувачите се: доходот, побарувачката, трошоците наспроти заштедите и сл.

Основа за купување на производи и услуги за домаќинството или на поодделен потрошувач претставува оној дел од доходот кој потрошувачите слободно можат да го користат за различни цели. Таквиот доход се добива кога од расположивиот доход за потрошувачката се одбијат  давачките за подмирување на определено стандардно ниво на потребите на домаќинството (давачки за исхрана, облека, обувки, комунални услуги, весници и сл.). Притоа, големината на овој доход зависи од расположивиот доход од кој се надоместуваат различни задолжителни обврски.  Врз висината на доходот наменет за потрошувачка влијаат голем број  фактори, поради што е многу сложено, ако не и невозможно истиот прецизно да се утврди. Кога се зборува за економската состојба на потрошувачите, не може да се одмине проблемот на побарувачката. За една една личност може да се рече дека се јавува како побарувач доколку истата поседува способност за купување и желба (волја) за купување. Способноста за купување зависи од приходот, даночните стапки и можноста за добивање  на  кредит.  Доколку  државата   сака  да  ја   зголеми   куповната   моќ   кај потрошувачите, а со тоа и побарувачката, таа може да ја зголеми вработеноста, да ги намали стапките на данок или да овозможи земање на кредити со поповолни камати. Можеме да заклучиме дека способноста за купување зависи од актуелните економски услови. Но што е со желбата (волјата) за купување?  Како таа е поврзана со економските услови? Економијата во целост влијае врз желбата на потрошувачот да купи одреден производ или не. Сепак, треба да се истакне дека врз желбата за купување не влијаат во значителна мера инфлацијата, каматните стапки, стапката на невработеност или економската политика. Врз желбата за купување многу повеќе влијае перцепцијата на овие економски параметри од страна на потрошувачите. Следен аспект кој треба да биде разгледан е односот меѓу трошоците и заштедите. Дел од трошоците во семејството има фиксен карактер. Трошоците за кирија или осигурување се познати однапред и се јавуваат во познати интервали (обично еднаш месечно). Како такви, тие не влијаат врз изборот на потрошувачите. Остатокот од семејниот приход служи за трошење и заштеди. Постојат две различни форми на штедење што зависи од различната перцепција на економските услови. Некои луѓе штедат за да го намалат  чувството  на  финансиска  несигурност . Тие  луѓе  се  плашат  за својата иднина на економски план. Предвидуваат или лични економски проблеми или влошени економски услови во целото општество. Затоа тие го преферираат штедењето пред трошењето на пари. Други луѓе пристапуваат кон штедење затоа што планираат во иднина да се изложат на големи финансиски издатоци (купување стан, автомобил и сл.). Затоа, тие постојано издвојуваат дел од доходот и го штедат за да можат да ја остварат својата цел во иднина. д-р Гоце Трајковски

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата

Директорот на НИС им се обрати на вработените: Еве што се случува со продажбата на компанијата

ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат

ДО КОГА МОЖЕ ДА ИЗДРЖИ СРБИЈА? Вучиќ за ситуацијата со НИС: Сигурен сум дека Русите ќе се договорат

Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања

Планот на Нетфликс да го купи Ворнер Брос. ја фрла театарската индустрија во превирања

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска