Економскиот раст на Бразил најмал во последните три години
Објавено во: Свет 04 Март, 2013 10:40
Економијата на Бразил, поради ослабнувањето на домашната валута, се намали за повеќе од 2.000 милијарди долари, колку што и се зголеми економијата на Велика Британија.
Минатата година Бразил забележа најмал економски раст во последните три години. Бруто домашниот производ (БДП), кој претставува вредност на сите произведени добра и услуги, минатата година се зголеми за 0,9%, што е значително помалку од владините предвидувања од почетокот на 2012 година, кога прогнозираа раст од 4,5%.
Во 2011 година Бразил забележа раст на БДП од 2,7% и така ја потисна Велика Британија на шесто место на најголемите економии во светот. Но поради лошите резултати од минатата година, Бразил се врати на седмото место.
Освен ослабнувањето на домашната валута, уште една отежителна околност за Бразил е сушата, најлоша кога и да е забележана. Најлоша е ситуацијата во северно-источниот дел на државата. Бразилската Влада досега инвестираше милијарди долари во градежен проект за пренасочување на одделни реки за да се обезбеди вода за милиони луѓе.
Можеби ќе ве интересира
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина




