05 Декември, 2025
0.0523

Економско социјалниот совет бара решение за Охис

Објавено во: Економија 18 Декември, 2012 20:04

Добивај вести на Viber

Синдикатот, министрите и работодавачите конечно седнаа на заедничка маса, да побараат решение за работниците од Охис, но одлука се уште нема.  Барањето да се врати стариот закон за пензионирање и да заминат како технолошки вишок до одење во пензија се најде пред економско социјалниот совет. Осумстотина вработени се со 17 неисплатени плати.  Овој сериозен проблем кој ги става на работ на егзистенција, ги натера повторно да излезат на протест пред Владата и министерството за труд и социјала.  Вработените во Охис бараат исплата барем на две плати за да можат и тие со своите семејства да ги минат новогодишните празници додека го чекаат рокот на десеттиот тендер за продажба на фабриката кој истекува до крајот на овој месец. Покрај тоа што се без плата, вработените во Охис не примаат ниту сини картони, без кои не можат да обезбедат ниту здраствена заштита.  Вработените од Охис по неколку месечните протести добија поддршка и од ССМ. - Советот на Сојузот на синдикатите на Македонија заклучи дека ССМ дава безрезервна поддршка на барањата на вработените во ОХИС. ССМ отсекогаш настапува солидарно со барањата на работниците и активно се вклучува во изнаоѓање поволни решенија - соопштија од ССМ. Според условите во последниот десетти  тендер, новиот сопственик на Охис ќе може да ја купи компанијата со намален број на вработени само доколку соодветно ги обесштети и нема да има обврска да го надополни бројот на работници кои спогодбено си заминале. Доколку идниот сопственик на хемискиот загубар ги прифати барањата на вработените во ОХИС, бројот на вработени од 800 ќе биде преполовен.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката