26 Јуни, 2024
0.0521

ЕКС МИНИСТЕРОТ ГОРАН МИЛЕВСКИ ЗАМИНУВА ВО ЉУБЉАНА КАКО АМБАСАДОР: „Од Словенија има што да научиме“

Објавено во: Македонија 02 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Горан Милевски ќе замине како амбасадор во Словенија. 

На седница на собраниската Комисија за надворешна политика денеска новоименуваниот амбасадор на земјава за Словенија, Милевски, ја претстави платформата за дипломатските активности што ќе ги има како вонреден и ополномоштен амбасадор. Милевски истакна дека Македонија со Република Словенија има исклучително добри билатерални политички односи и плодна и богата соработка на локално ниво, во областа на економијата, образованието, здравството, културата. 

„Од Словенија има што да учиме бидејќи од 2004 е членка на ЕУ и на НАТО, а во 2007 година е дел од еврозоната како и од Шенген зоната. Патот што тие го изедоа може да биде наш патоказ како да станеме дел од ЕУ, но и да го подобриме стандардот на граѓаните. Словенија е и најголем лобист на Македонија и за членство во НАТО, но и за членство во ЕУ. Словенија е моторот кој што цел Западен Балкан го влече во ЕУ и нашиот најзначаен стратешки партнер таму“, рече Милевски.

Годинава ќе се одбележи јубилеј – 30 години од отворањето на Амбасадата на нашата земја во Љубљана, која е прва амбасада отворена во странство на 7 јуни 1993 година.

Милевски лани во септември си даде оставка од лични причини од министерското место во Министерството за локална самоуправа. 

Кон крајот на декември веќе имаше најава дека Милевски ќе биде амбасадор на Македонија во Љубљана. Претходно амбасадорка во Словенија беше Сузана Зеленковска. 

фото Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

„Железничката пругата треба да помине среде Крива Паланка и треба да се рушат десетици или стотици куќи“: Николовски бара обвинител да ги истражи деталите

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

К.К ОД СТРУМИЦА ОСВОИ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН 7.360.166 ДЕНАРИ

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

ИЗЕТ МЕЏИТИ ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ГРУБИ: Ќе биде прв вицепремиер

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

СПАСЕНА ЕКИПАТА НА ИТНАТА ПОМОШ: четирите лица заглавени во лифт во Кисела Вода се извлечени

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

Пеева Лауренчиќ: На СДСМ во моментов не му помага маркетинг, туку соочување сами со себе

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРОТИВ ИБРАИМОСКИ - го теретат за згрозување на сигурноста, ден претходно тој тврдеше „се замајува јавноста“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

БОРИСОВ СЕ ЗАКАНИ: „Без нашата и поддршката од Грција, РСМ немаат шанси за ЕУ“

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

КРИВИЧНА ЗА ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Ја поднесе Синдикатот на полицијата, еве за што се работи

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала

СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ не ги почитувале препораките на ДЗР, само Алтернатива реализирала