ЕКС ШЕФИЦА НА МОСАД: Нападот со пејџери е совршено извршен
Објавено во: Свет 19 Септември, 2024 15:09
Сима Шајн, поранешен шеф на истражување и анализа на израелската разузнавачка агенција Мосад вели дека нападот со пејџери врз групата Хезболах е изведен совршено.
Шајн за „Скај њуз“ изјави дека детонацијата на пејџерот била „комбинација од три елементи, кои функционирале совршено“. Тие елементи, според неа, се „разузнавањето, технологијата и оперативните способности“. Таа додаде дека операцијата била „насочена кон оперативци на Хезболах, а не кон цивили“.
„Мислам дека кога ќе го видите големиот број повредени, ќе сфатите дека операцијата била многу прецизна и дека целта била само оперативци на Хезболах, а не цивили. Жал ми е за она што се случи во двата случаја на смрт на деца, но тоа не беше целта. Главната причина за нападот беше да се осигури дека голем број членови на Хезболах „нема да може да учествуваат во борбата и ќе бидат зафатени во помагањето на повредените. Се поставува прашањето зошто амбасадорот на една земја е вклучен во мрежата на терористичка организација во Либан“, вели Шајн.
Вчера имаше и друг напад врз Хезболах, односно им експлодираа воки - токи уреди на членови на групата. Групата се закани со одмазда. Инаку, групата повремено врши напади на Израел.
Можеби ќе ве интересира
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“




