18 Декември, 2025
0.0670

Ексклузивна предпродажна кампања на Т-Мобиле за Samsung Galaxy S6 и Samsung 6 edge

Објавено во: Мои пари 09 Април, 2015 12:20

Добивај вести на Viber

Т-Мобиле Македонија за своите корисници организира ексклузивна претпродажна кампања за Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge. Новиот Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge во претпродажба можат да се купат само онлајн до 17 април. Корисниците можат да ги нарачаат телефоните на www.t-mobile.mk.

Со нарачка на телефоните по електронски пат, корисниците добиваат дополнителни бенефиции: попуст на телефоните од 10 отсто, три месеци без месечна претплата, како и безжичен полнач.

Телефоните Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge се достапни во Доверба 24 за сите корисници на Play Comfort, Play Extra и Play Premium, а за бизнис корисниците со тарифните модели Business Promo L, Business Promo XL и Business Smart XXL. Корисниците ќе ги добијат нарачаните уреди после 21 април.

t-mobile

Новиот Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge се најтенките телефони на Samsung, изработени од најсофистицирани материјали, излеани во тенка, компактна, комплетно метална и стаклена конструкција. Galaxy S6 и Galaxy S6 edge се опремени со функција за брзо полнење на батеријата, која што овозможува гледање на видео содржини во висока резолуција дури до 2 часа. Дополнително, со можност за безжично полнење на батеријата, телефоните се подготвени за безбедно извршување на сите секојдневни обврски.

Како спој на прекрасна естетика и иновативна функционалност, уникатниот двојно заоблен раб на Galaxy S6 нуди нов начин за проверка и одговор на повици, пораки и електронска пошта, кој совршено се вклопува со сите дневни планови.

Телефоните Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 имаат предна 5-мегапикселна и задната 16-мегапикселна камера, секогаш подготвена за совршени фотографии пред сè како резултат на функцијата „Optical Image Stabilisation“, брзиот автофокус и поголемите леќи со f1.9 отвор, коишто покажуваат одлични резултати дури и при слаба осветленост. Камерата се вклучува исклучително брзо за само 7 секунди, при што овозможува да се фотографираат повеќе несекојдневни моменти.

Во редовна продажба телефоните Samsung Galaxy S6 и Samsung Galaxy S6 edge ќе се најдат во Телеком продавниците од 20 Април.

Можеби ќе ве интересира

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!