05 Декември, 2025
0.0363

Ексклузивно со добитниците на конкурсот на АЕК за најдобра апликација

Објавено во: Мои пари 13 Март, 2013 12:39

Добивај вести на Viber

Јана Стојменска и Максим Симоновски се едни oд добитниците на првите три награди кои ги додели Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија на конкурсот за изработка на најдобра апликација. Нивната идеја е да се направи апликација која ќе ги содржи сите апели за помош кои се добиваат директно од мобилните оператори во Македонија за собирање на средства на тие на кои им е најпотребна, како и за сите хумани луѓе кои сакаат да донираат. Кажете ни за идејата да настапите на конкурсот на АЕК за изработка на апликација? Максим: Идејата беше да направиме заедно со Јана некоја апликација која ќе биде уникатна и корисна. Нашето истражување покажа дека не постои мобилна апликација која би била посредник помеѓу лицата на кои им е потребна помош и лицата кои се хумани и сакаат да помогнат. Објаснете ни како функционира апликацијата? Јана: Главната функција на апликацијата е на едно место да се собираат сите апели за помош од нашите сограѓани, заедници и објекти од јавен интерес. Корисниците на Humanko апликацијата од листата можат да одберат одреден апел и да ги видат сите детали за него и со едноставно притискање на копче да направат донација. Исто така доколку сакаат можат апелот да го споделат на своите социјални мрежи Facebook и Twitter. Каква е достапноста на апликацијата и дали планирате да ја надградите, со некои нови опции? Максим: Во моментов апликацијата Humanko е достапна само за Android корисниците, поставена е на официјалниот Google Play Store и до неа може да се пристапи со линкот https://play.google.com/store/apps/details?id=com.core.humanko или со едноставно пишување на Humanko во делот за пребарување. Исто така можат корисниците на официјалната web страна http://humanko.org да се информираат за сите информации поврзани со апликацијата. Во моментов планираме да изработиме апликација и за останатите мобилни платформи со цел да биде достапна за што повеќе корисници. Имате ли план за изработка на нови апликации и која платформа има најголем просперитет според вас? Јана: Имаме план за изработка на нови апликации но, рано е да се зборува за нив, сите платформи имаат свои добри и лоши страни секако дека за почеток за развој на мобилни апликации Android платформата е најлесна и бара најмалку ресурси. Што мислите за развојот на македонските апликации, што најчесто користат македонците и каква перспектива има македонскиот пазар со новите смартфони? Максим: Постојат потреби кај македонските корисници на мобилни уреди за кои има простор да се изработуваат локализирани македонски апликации но, секако перспективата е многу поголема доколку се изработи апликација или игра за глобалниот пазар за што и постојат многу македонски успешни примери па би сакале и ние еден ден да направиме успех на тоа поле. Дополнителни информации можете да добиете од следниот линк: http://www.telefoni.com.mk/news-4413-Ekskluzivno-intervju-so-dobitnicite-na-konkursot-na-AEK-za-najdobra-aplikacija.html

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност

Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност