Ексклузивно: Како треба да изгледа аеродромот на вода во Охрид!
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2012 08:30
На последната седница на Советот на општина Охрид, доминираа аргументите против изградба на аеродром на вода во Охрид, одошто оние за да се реализира проектот. Охридскиот градоначалник Александар Петрески не гледа оправданост да се гради нов аеродром на Охридското Езеро во услови кога Охрид има функционален аеродром. Ваквиот став го темелеше на тврдењето дека Охридското Езеро е со мала површина и е светско природно богатство заштитено од УНЕСКО.
Како што пренесуваат медиумите, советникот од ВМРО-ДПМНЕ и македонски претставник во Билатералниот комитет за заштита на Охридското Езеро пак, Дејан Пановски, исто така бил категорично против изградба на аеродром на вода на Охридското Езеро.
“Хидро-аеродромски зафати на Охридското Езеро не му се потребни, поради постоењето ризик од евентуални хаварии што би довеле до загадувања, ниту пак има реална економска или туристичка оправданост од тоа“, изјави Пановски.
Изградбата на хидроаеродром од Министрството за транспорт и врски ја праваат со можното зголемување на бројот на туристи и афирмацијата на Охрид како туристичка дестинација.
Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните




