Ексклузивно во Вип: Смарт часовник за деца и безгрижни родители
Објавено во: Мои пари 18 Јануари, 2017 11:53
Вип повторно воведува новини во своето портфолио на производи и услуги и за прв пат на македонскиот телекомуникациски пазар го нуди уникатниот MyKi смарт часовник наменет за најмалите кој истовремено обезбедува поголема сигурност за родителите.
Детскиот смарт часовник MyKi, достапен во сина, розева и црвена боја е модерен додаток за деца од 3 до 11 години. Со часовникот родителите секогаш се во тек со движењето и локацијата на нивното дете. Со можноста која ја дава вградениот GPS уред во часовникот, родителите во секое време можат да имаат на увид каде точно се наоѓа нивното дете. За уште поголема безбедност, преку вградената СИМ картичка, родителите добиваат можност да зборуваат со своето дете кога и да посакаат.
Уникатниот часовник MyKi располага со копчиња за брзо бирање кои се поврзани со телефонските броеви впишани и меморирани од страна на родителите. Со тоа, детето може да добие некој од членовите на своето семејство само со еден допир на копчето.
Часовникот работи со вградена СИМ картичка и може да биде контролиран и преку специјално креираната мобилна апликација MyKi Watch достапна за Android и iOSкако и преку веб апликација.
Смарт часовникот е достапен по цена од 999 денари, со договор склучен на 24 месеци и месечна претплата од 399 денари со тарифниот модел Vip MyKi.
Повеќе информации можете да добиете на веб страницата www.vip.mk
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




