06 Октомври, 2024
0.0264

ЕКСПАНЗИЈА НА БИТОЛСКАТА ФАБРИКА: Квасарата лани продала квасец и шпирт за 8 милиони евра!

Објавено во: Економија 29 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Добивката на компанијата за лани изнесува околу 162.000 евра, што претставува значајно подобар резултат од 2013 година кога компанијата била во загуба. Секоја акција носи добивка од 800 денари и според одлуката на акционерското собрание добивката ќе биде реинвестирана во работните процеси на Квасарата Битолската Фабрика за квасец и алкохол, единствена од таков тип во земјава, минатата година ја завршила до добивка од 10 милиони денари, пишува во ревидираниот извештај објавен на интернет страницата на берзата. Во мислењето на независните ревизори во прилог на извештаите пишува дека финансиските извештаи објективно ја презентираат во сите материјални аспекти финансиската состојба на таа компанија. Со други зборови и едноставно речено ревизорите немаат никакви забелешки на финансиските извештаи издадени од компанијата. Според официјалните податоци лани од продажба на квасец и чист алкохол оваа фирма остварила приходи од 480 милиони денари (околу 8 милиони евра). Тоа е раст на приходите од 36 милиони денари (600.000 евра) односно 8 отсто во споредба со 2013 година. Чистата добивка на Квасарата, според одлуката на акционерите, ќе биде реинвестирана во работните процеси. Податоците за подобрување на пазарната позиција и експанзијата на Квасарата предизвикале и раст на расходната страна. Сепак растот на приходи е поголем од растот на расходи. Вкупните расходи лани изнесувале 467,76 милиони денари и во споредба со 2013 година тие пораснале за 30 милиони денари. Во расходната структура, очкеувано за производна компанија, најголема расјодна ставка се трошоците за набавка на суровини и други материјали кои изнесуваат 304,7 милиони денари, а во споредба со 2013 година бележат раст од само 5 милиони денари. Ова значи дека Квасарата ги оптимизирала своите производни процеси солидно и дека може да произведе и продаде поголеми количества со низок раст на трошокот за суровини и други материјали. Втора по големина расходна ставка на компанијата се трошоците за вработените. Тие лани изнесуваат 75,1 милиони денари, а во 2013 година биле повисоки и изнесувале 77,3 милиони денари. Квасарата, според податоците од билансот на состојба, е сосема солидна компанија затоа што нема обврски по основ на кратокорочни ниту на долгорочни кредити. Обврски има само спрема добавувачите и тие изнесуваат 29,9 милиони денари со состојба на 31 декември лани. Во споредба со податоците за крајот на 2013 година тие се пониски за 16 милиони денари. На страната на побарувањата Квасарата на крајот на минатата година побарувала од своите партнери 166,3 милиони денари, а тоа е 21 милиони денари помалку од побарувањата во 2013 година. Компанијата според извештаите е во солидна финансиски состојба затоа што има акумулирана добивка од 192,8 милиони денари, а резервите се на ниво од 133,46 милиони денари. Квасарата се одликува уште по една карактеристика поврзана за акционерството. Според нашата евиденција таа е компанија со најуситнета акционерска структура во споредба со сите други акционерски друштва во земјава. Комапнијата има вкупно 12.500 акции со право на глас, а дури 97,7 отсто од нив се во посед на 286 акционери – домашни физички лица од кои мноштвото се вработени или поранешни вработени во таа компанија. Во просек секој од нив поседува 44 акции со право на глас. Во комапнијата нема ниту еден акционер што поседува над 5 отсто од акциите. И покрај тоа што има многу ситна акционерска структура таа акција не е многу ликвидна. Во период од една година до сега, според официјалната евиденција на берзата, истргувани се само 90 акции во ценовна маргина од 10.240 денари до 7.969 денари – тоа воедно е и последна цена постигната со таа акција. ж Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта