07 Октомври, 2024
0.0289

Експерти пред Влада: Фрапантни се бројките во трошење на државните пари

Објавено во: Економија 28 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Слободните економски зони не ја сочинуваат реалната економија, а бројките на јавните набавки се фрапантни.

Фрапантни се бројките во трошење на државните пари, непродуктивни инвестиции и лоша структура на долгот, забележаа економските експерти кои вчера беа дел од дебатата во  антивладиниот камп пред Влада.

„Придонесите на вработените на луѓето што работат за осум илјади денари плата во странските слободните економски зони ги плаќаме ние, ги плаќа државата. Тоа не е реална економија, тоа е фиктивна економија. Таквите инвестиции се движечки, летачки инвестиции, тие ќе постојат додека ги плаќаме придонсите за вработените, веднаш утредента кога тоа ќе заврши ќе си заминат. Бројките се фрапантни во секој сектор, јавните набавки во земјава учествуваат со дури 12 проценти во БДП. Годишно, државните институции трошат повеќе од 900 милиони евра, за набавка на стоки, услуги работи, тоа е 35 отсто од буџетот на земјата. За каква тогаш економија зборуваме? За каков политички систем зборуваме? праша новинарот Младен Чадиковски.

Крсте Шајноски, универзитетскиот професор пак вели дека државата парите ги распределува на непродуктивни трошења, а дополнителен проблем на буџетот се слободните економски зони кои претставуваат лоша распределба на богатството кое се создава во земјава.

-Во 2006 сме имале буџет од 1,7 милијарди евра. Во таа година сме оствариле економски раст од 5,2 проценти. Во 2014 имаме буџет од 3 милијарди евра, а остварувам раст од 3 и нешто проценти. Каде се парите? Парите се отидени на непродуктивни трошења, односно расходи, од кои интерес имаат единствено оние кои ги склучуваат договорите, како што впрочем можевме да видиме и од снимките.

– Во моментов македонската економија регистрира силни загуби како резултат на инвестициите кои ги направи во тие економски зони, како резултат на ослободувањата кои им ги даде на компаниите во тие економски зони.

Не се полни буџетот, затоа што тие компании се ослободени од плаќање на данок. Кога ќе истече периодот кој им е дозволен за ослободување од данок, ќе ја пререгистрираат фирмата во нова фирма и потоа продолжуваат повторно да работат со сите бенефиции кои им ги дава оваа држава. Се работи за лоша прераспределба на богатството кое се создава во земјата. Иамем исклучителна, во исто време и нетранспаретност.

Видете што се случува со тендерите, со јавните набавки. Во добар дел од разговорите кои ни ги презентира опозицијата можеме да слушнеме како тоа се обезбедуваат тендери, во која линија, кој се провизиите кој се земаат. Сето тоа се плаќа од буџетот.Многу често може да слушнете Владата дала средства.Владата не дала, народот дава. Тие пари се пари на народот, е работи за класично спинување на информации, посочи Шајноски.

Според Шајновски лошата структура на долгот која води до постојано враќање на стари долгови е исклучително ризична за Македонија. Тој порача дека идната Влада би требало да создаде клима за работа во приватен бизнис, а не во админстрација.

-Сакам да упатам апел до се надевам новата Влада која во скоро време ќе ја видиме. Немојте да наседнувате на популизмот и на системот на менаџирање на власта кои како совршенство го изработи оваа Влада. Ова важи и за нас граѓаните. Многу е убаво да слушнете дека ќе имате субвенции, дека ќе се возите со автобус без пари, ќе идеме во бања без пари, сето тоа е лоша прераспределба. Тоа се моментално слатки работи кои понатаму генерираат големи последици.

Новата Влада треба да воспостави нов развоен систем во кој ќе ги постави на здрави темели пазарните односи и односот на државата кон пазарните односи. Значи не треба да се радуваме ние државата да ни даде, треба да се радуваме државата да создаде клима ние сами да си обезбедиме. Мислам дека сосема погрешна тезата да бараме и во иднина да биде квалитет да се вработиме во администрацијата. Никаде во нормалниот свет луѓето не сакаат да работат во администрација, нема ништо подобро од тоа да работите во приватен бизнис, доколку бизнис климата е каква што треба.

Мислам дека доколку следните кои ќе дојдат ќе воспостават систем во кој бизнисот ќе го запоседне вистинското место, ќе им се создаде услови фирмите да функционираат по вистински пазарни принципи, мислам дека на тој начин и новите министри ќе имаат многу лесна работа и во начинот на менаџирање на економските политики, а населението ќе биде многу позадоволно, отколку што е сега, вели Шајноски.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип