ЕКСПЕРТИ ТВРДАТ: Евтин лек може да помогне во борбата со коронавирусот
Објавено во: Свет, Корона Вирус 16 Јуни, 2020
Дексаметазонoт е прв лек за коронавирус кој спасува животи, тврдат експерти од Велика Британија.
Тие велат дека лекувањето со мала доза на стероидот е голем успех во борбата против смртоносниот вирус.
Евтиниот и широко достапен лек наречен дексаметазон може да помогне да се спасат животите на пациентите кои се сериозно болни од коронавирусот, јави денеска Би-Би-Си.
Тој го намалил ризикот од смрт кај третина од пациентите на респиратори. Кај оние на кислородна поддршка, ги намалил смртните случаи за една петтина.
Лекот е дел од најголемото тестирање во светот со кое се испитува дали веќе постоечките начини на лекување помагаат и кај коронавирусот.
Истражувачите проценуваат дека ако лекот беше достапен во Велика Британија од почетокот на пандемијата на коронавирусот, можеле да се спасат до 5.000 животи. Со оглед на тоа што е евтин, може да биде од голема корист во сиромашните земји кои се борат со голем број на пациенти со Ковид-19.
Околу 19 од 20 пациенти кои биле заразени со коронавирусот закрепнуваат без да доаѓаат во болница. Од оние што се примени во болница, повеќето исто така закрепнуваат, но на некои може да им треба кислород или механичка вентилација. Ова се пациенти со висок ризик кај кои се чини дека дексаметазонот помага, информира Би-Би-Си.
Научниците од Империјал колеџ во Лондон неделава експериментално ќе им даваат вакцини на луѓето во Велика Британија, и ова е еден од последните обиди да се најде ефикасна вакцина против опасниот вирус.
Според Светската здравствена организација, секој ден во светот има нови 100.000 заразени.
Во ризични групи спаѓаат лицата со срцеви заболувања, дијабетес и болести на белите дробови.
Според новите проекции на моделот создаден од Институтот за здравствена метрика и евалуација на Универзитетот во Вашингтон, бројот на смртни случаи од коронавирусот во САД може да достигне 200.000 до октомври.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.