16 Декември, 2025
0.0973

Експертите го советуваат добитникот на Евроџекпот – не троши се одеднаш!

Објавено во: Балкан 13 Јануари, 2014 12:08

Добивај вести на Viber

За почеток да не прави ништо, парите да ги стави во банка и да почека година-две да му помине еуфоријата – вака финансиски и инвестициски експерти го советуваат среќниот хрватски државјанин кој доби неверојатни 17 милиони евра на играта на среќа Евроџекпот. „Неискусните можат да мислат дека толку пари не можат да се потрошат, но Мајк Тајсон фрли 400 милиони долари и банкротираше. Лесно може да се згреши и да се изгубат парите“, вели за „Јутарњи лист“ хрватскиот инвеститор Хрвоје Прпиќ. Потоа, тој на среќниот добитник му препорачува да троши најмногу 2-3 проценти од добиената сума. „Јас би вложувал во старт-ап компании, но тоа не значи дека за секого е паметно. Интересни се и инвестициите во земјоделство и во туризам. Но, сепак, парите треба да се вложуваат на различни страни за да се минимизира ризикот“, вели Прпиќ. Личниот финансиски советник Ивица Брлиќ вели дека има неколку начини за новопечениот милионер да ги „оплоди“ парите. Првиот и наједноставен е тие да се вложат во банка затоа што со таа сума можат да се добијат исклучително добри услови, но постои можност за вложување во осигурителни друштва, инвестициски или пензиски фондови. „Сите овие можности постојат, но треба точно да ја знаете својата цел. Секако е возможно, без поголем ризик од овие 100 милиони куни да се остварува годишен приход од 10%, или 10 милиони куни годишно“, додава Брлиќ.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството