24 Ноември, 2024
0.0288

Експертот Василка Димитровска: Ова во Старата скопска чаршија требаше да биде најавено

Објавено во: Македонија 14 Април, 2020

Добивај вести на Viber

Експертот и добар познавач на Старата скопска чаршија, Василка Димитровска, денеска реагира дека прекопувањето на овој културно-историски дел од главниот град се прави со сите потребни дозволи, но дека се создал лош впечаток затоа што сето тоа се прави без најава во доба кога има ограничување на движењето.

„Повеќе луѓе ме прашаа, па проверив што се случува со Старата скопска чаршија. Ова е проект финансиран од Светска банка и имаат уредни дозволи од Управата за заштита на културното наследство и од Конзерваторскиот центар. Знам дека Општина Чаир денес во 13 ч. ќе има прес за ова, па да видиме што ќе кажат. По сета промоција која сум ја направила за чаршијата, се чувствувам некако ептен поразена. Ова требаше да биде најавено, како за граѓаните, така и за медумите“, напиша експертот на својот профил на Фејсбук.

Димитровска е магистер по археологија, директорка на „Хаемус“ - Центар за научно истражување и промоција на културното наследство, менаџер по културно наследство, и професионален туристички водич.

Истовремено градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, на денешната прес-конференција рече дека градежните активности во Старата Скопска Чаршија не се во насока да се измени автентичноста на чаршијата, туку да се замени оштетениот камен травертин со ист таков камен, да се задржи автентичноста и да се создадат подобри услови и за занаетчиите и за туристите.

Тој денеска во изјава за медиумите нагласи дека за реализација на проектот ги имаат добиено сите потребни дозволи од надлежните институции меѓу кои и од Управата за заштита на културното наследство која врши надзор врз целиот процес. Проектот е финансиран од Светска банка со грант во износ од околу 600 илјади евра.

– Целта не е да се направи измена на автентичноста на инфраструктурата на Старата Скопска Чаршија како што се стреми тоа да се прикаже во некои портали кои тенденциозно објавуваат информации без да ја набљудуваат содржината на проектот, рече Ганиу. 

Со реакција се јави и Владата, која соопшти дека со текот на времето настанати се оштетувања на калдрмата на улицата. Оштетувањата се настанати од повеќе фактори: метеоролошки влијанија, моторен сообраќај, недоволен капацитет на каменот и парцијални ископувања на улиците. За таа цел проектот предвидува санација на калдрмата во главната улица (во должина од 200м или вкупно 2240м2). Сите градежни материјали кои се користат за реконструкцијата на излозите на дуќаните и калдрмата во споменичка целина: „Стара Скопска Чаршија“ се автентични и одобрени од стручни лица од НУ Конзерваторски Центар – Скопје и Управата за заштита на културно наследство.

„Во рамките на проектот за Локална и регионална конкурентност (ПЛРК), Општина Чаир аплицираше со под-проектот „Промоција на чаршиски туризам во Општина Чаир“. Сите активности на под-проектот предвидуваат клучни инвестиции во масовна туристичка дестинација со цел зголемување на привлечноста на Старата Чаршија и нејзино промовирање како главна туристичка дестинација во градот за потребите на туристите.

Под-проектот предвидува санација на калдрмата на еден дел од главната улица Битпазарска како и конзервација, реставрација и санација на повеќе дуќани кои го нарушуваат автентичниот лик на Стара Чаршија која со закон е прогласена како културно наследство од особено значење“, се вели во дел од објаснувањето.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ИЗБОР НА НАЈВИСОКИТЕ ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА: СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес

ИЗБОР НА НАЈВИСОКИТЕ ТЕЛА НА ПАРТИЈАТА: СДСМ денеска ќе го одржи 30. Конгрес

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

ПОЛИЦИСКИТЕ БИЛТЕНИ СЕ ПОЛНИ СО ПРИЈАВИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО: „Сивата бројка“ на непријавени случаи е многу поголема

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

СЕ ОЧЕКУВА СТУДЕНО ВРЕМЕ: Teмпературата ќе се спушти под -10 степени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени

МАКЕДОНИЈА СЕ РАЗБУДИ СО ЗАГАДЕН ВОЗДУХ: Кичево и делови од Скопје најзагадени

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

ШИЛЕГОВ СПОДЕЛИ РАДОСНА СЕМЕЈНА ВЕСТ: Тој е горд татко на дипломката Симона Шилегова

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП