ЕКСПЛОДИРА БОМБА ВО ЦЕТИЊЕ: едно лице загина, неколкумина се повредени во близина на Спортскиот центар!
Објавено во: Балкан 20 Јуни, 2024 10:04
Едно лице загина, а неколку се повредени во експлозијата што се случи утринава околу 9 часот во Цетиње пред влезот во Спортскиот центар, потврдија за „Блиц“.
Полициската управа на Црна Гора соопшти дека на терен се сите расположливи полициски екипи.
Во тек е истрага.
Eksplodirala bomba na Cetinju: Jedna osoba stradala, više povrijeđenihhttps://t.co/0HyN8F62Sp pic.twitter.com/nKtlLlnygz
— Portal Dnevno (@DnevnoPortal) June 20, 2024
Од силината на детонацијата испукани се прозорците на зградите, а откорнато е и дрво, јавуваат локалните медиуми, пишува РТЦГ.
На местото на настанот е и градоначалникот на Цетиње, Никола Ѓурашковиќ.
Едно лице загина, а неколку се повредени утринава во експлозија на бомба во Цетиње, недалеку од тамошниот Спортски центар, неофицијално соопштија за „Вијести“ од полициската управа.
Полициската управа соопшти дека сите расположливи полициски екипи се на терен.
Фото: Принтскрин/Х
Можеби ќе ве интересира
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




