10 Мај, 2024
0.0673

Екстерно или екстремно – прашање е сега?

Објавено во: Економија, Колумни 13 Октомври, 2014

Добивај вести на Viber

Славниот Шекспир го постави вонвременското прашање: Да се биде или не...и до ден денешен е еден од најексплоатираните цитати, во различни конотации, ситуации, времиња и простори. Едноставно кажано најлесен одговор на било која дилема, трилема или избегнување на некоја директно поставена задача е да одговорите-да се биде или не прашање е сега? Секој од нас во животот, во ситуации на недоумици, некои шегобијни, други мошне сериозни, некои лесни и едноставни, други тешки и оловни, но дефинитивно мигови кои го окупирале нашето внимание и иницирале одговор или разрешница од нас, се запрашал, задумал или ги изговорил Шекспировите неколку збора, кои можеби навидум изгледаат едноставни, но во себе вткајуваат многу суштина и сами по себе иницираат размисла и вклучување сериозно на нервните ќелии. Во овие мигови вашето општество е лабараторија за нас - социолозите Деновиве се навраќам и те како често на цитати од Шекспир и тоа не случајно. За толкување и размисли има многу теми и дилеми во нашето ни македонско општество и ќе цитирам еден мој колега професор од Полска кој при посетата на нашиот Универзитет, секако правејќи социолошка анализа на општествените состојби, целиот восхитен ми рече: колешке вие мора да сте среќна бидејќи во овие мигови вашето општество е лабараторија за нас-социолозите. Збунето и немо го гледав неколку моменти, не знаејќи дали да се радувам или тагувам за оваа негова забелешка. Радоста би одела во насока за афирмирање на професијата и можноста да се истражуваат различните социолошки феномени, но збунетоста и горчината ми произлегуваат токму од проблемите со кои се соочуваме, нагомилани, претежнати и потребата од нивна експикација и секако помагање во изнаоѓање на соодветна солуција. Следејќи ја катадневната политика со право може да се каже дека има потреба од наша вклученост во толкување и истражување на значајни општествени феномени, но тоа исклучиво го сфаќам во контекст на еден позитивен дискурс кој подразбира искрено и потполно вклучување на научната елита во изготвување на стратегии за прогрес во различните општествени сфери. Секоја чест за политичките елити кои ја согледуваат насушната потреба и кога имаат доблест и желба да ја вклучат научната елита во креирање и изготвување на политики и стратегии за суштински прашања. Да се пробува да се импровизира во образованието е далеку од посакувано и потребно Деновиве наназад постојано во главава ми одѕвонува една идеја, која ниту можам да ја наречам нереална, ниту имагинарна, ниту смешна, а уште помалку трагична, ќе ја наречам едноставно небулозна и неосмислена, а тоа е секако идејата за екстерно во високото образование. Првото нешто што ми падна на ум беше извикот-Екстерно или екстремно-прашање е сега? Себеси се фатив во чудење, збунета, на моменти ме облеваше ладна пот, на моменти ме обзеде чудна летаргија и верувајте толку ми се измешаа чувствата и мислите што не можев неколку часа апсолутно ништо да проговорам на таа тема. Неверица се јави кај мене кога чув со каква леснотија, а подоцна и образложение се изложуваше оваа идеа. За миг помислив да не е некоја шега, ама далеку е први април си реков, за миг помислив дека е некоја грешка, во друг миг помислив дека има поинаква експликација сета таа идеа, но дефинитивно кога го чув целиот предлог сфатив дека ова е крајно несериозно и импровизирачко. Иако подоцна се ретарираше и видоизменуваше идеата, сепак да се пробува да се импровизира во образованието е далеку од посакувано и потребно. Образованието е столбот на едно општество и доколку се сака да се направи одреден прогрес треба да се вложува во него, но никако да се носат ад хок решенија кои во никој случај нема да донесат бенефит. Не може да се одреди кој предмет ќе се полага и кој е суштински бидејќи на студентот му се дава право и можност да одлучи дали некој предмет ќе го остави за крајот на своето студирање Она што е суштинско и примарно е дека високото образование во нашата држава е конципирано врз Болоњскиот принцип кој не подразбира повторување на години и можност одреден испит кој е во прва година студентот да го полага на крај на студирањето, доколку се разбира собрал доволен број на кредити. Тоа значи дека не може да се одреди кој предмет ќе се полага и кој е суштински бидејќи на студентот му се дава право и можност да одлучи дали некој предмет ќе го остави за крајот на своето студирање... И се поставува прашањето што ако си таа комисија одлучи да се полага предмет кој одреден процент на студенти не го полагале, го оставиле за крај, а е во прва година...ќе му се рече фала пријатно немаш доволно знаење или.... ? Исто така начинот на студирање подразбира вклучување на студентот во различни активности, тоа е всушност Болоња, така да студентот добива одреден број поени од колоквиуми или проверка на знаење, одреден број поени од изготвување на семинарски труд, есеј, приказ на дело, одреден број поени од активност на час, вклученост во настава, присуство, презентации и сето тоа на крај резултира со соодветна оцена и кредити за предметот кој се полагал. Значи може да имаме ситуација да студентот има апсолутно знаење и освои максимум 70 поени од колоквиумите, но апсолутно нема друга активност и може максимум да добие 7. И што сега ако покаже највисоко знаење на тестот кога самиот систем на студирање наметнува поинакви стандарси и кој ќе биде крив потоа? Да се предлага нешто што апсолутно не соодветствува со тој начин на студирање е неповолно и несериозно Студиските и предметните програми се изготвувани со сериозен пристап и се прилагодени на начинот на студирање кој е акредитиран од највисоките иснтанци. Да се предлага нешто што апсолутно не соодветствува со тој начин на студирање е неповолно и несериозно. Она што треба да се направи е да се разгледаат студиските програми и ќе се увуди целата филозофија на студирање. На увид се сите програми на секој факултет и бујрум, може слободно да се види што се се прави во рамките на секоја предметна програма, ама по предлозите што се даваа мене ми се чини дека не биле добро разгледани или е направен одреден пропуст. Извините можеби дрско се обратив но имав потреба да го преставам пластично системот на студирање. Јас сум прва за поголем квалитет и желбата моја е секоја година да се крева кваллитетот и се подобри и подобри дипломци, магистранти и докторанти да имаме, но тоа се прави со национална образовна стратегија и со вклучување на научната елита во креирање на образовните политики. Д-р Татјана Стојаноска Иванова Институт за социологија Филозофски факултет-Скопје

Можеби ќе ве интересира

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ПОРАДИ ЕНОРМНА ПОБАРУВАЧКА ОД РУРАЛНО ВО БИЗНИС СЕЛО - растечката индустрија на перики поттикна промени во источна Кина

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

ТОП 5: Продадоа најмногу струја во Македонија, двајца трговци се новоетаблирани од Албанија

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?