Добивај вести на Viber
Кумановската фабрика „Екстра Меин“ бара Центарот за јавно здравје во Велес да понесе одговорност за пропустите во постапката за испитување на присуството на бактеријата листерија, со што се непотребно се нанела штета на угледот на компанијата.
Од директорката на Центарот бараат да одговори зошто во првичната анализа не е извршена квантификација, (броење на бактериите) со што секоја понатамошна фаза на испитување е невалидна.
„Истата таа директорка, во својот Извештај до Министерот за здравство испратен за целиот таканаречен случај воопшто не е сигурна кога се земени мострите, на 23 јули или на 25 јули, бидејќи на два различни документи стои различен датум. Ако не знае Ристовска Шурбевска, кој друг треба да знае? Згора на се не се сигурни ниту нејзините вработени кои ги земале примероците, како што објавија медиумите, а на самиот записник датумот е пречкртуван. Jавно ја прашуваме Шурбевска каде биле цели два дена мострите? Ако се донесени на 23 јули, согласно нејзиниот Извештај до министерот, зошто тогаш дури на 25 јули се доставени до нејзината лабораторија“, прашуваат од компанијата.
Како датум на завршување на тестирањата во Велес е наведен 5 август 2014, што пак, за компанијата отвора други прашања - како се чувал примерокот и што се правело со него сите тие денови?
„Нашиот производ, сецкан свински врат е ставен во непотребна постапка при што е создаден случај без основа, со што се нанесе штета на угледот на компанијата, која 20 години е на пазарот со стандардидизирани и квалитетни производи“, велат од „Екстра Меин“.
По изворот на опасната бактерија листерија, од која во Македонија починаа четири лица, се уште се трага. Од Агенцијата за храна велат дека изворот е непознат и по него се уште се трага, што значи дека истрагата повторно е вратена на почеток.
Од Министерството за здравство, пак, вчера, информираа дека сите докази кои ги поседуваат, а кои се против компанијата „Екстра Меин“, ги доставиле до Основното јавно обвинителство.
И натаму се утврдува каде примерокот од свинскиот врат на „Екстра Меин“ да биде испратен на меѓународна суперанализа. Она што се знае е дека мострите ќе бидат испратени во најкраток рок, а ќе се испитуваа во меѓународна референтна лабораторија чие име нема да биде објавено заради избегнување евентуални притисоци и добивање објективен резултат.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: