Добивај вести на Viber
Од кумановската фабрика за производи од месо „Екстра Меин“ јавно го запрашаа министерот за здравство дали знае дека методот за генотипизација врз основа на кој во нивен производ беше откриена опасната бактерија листерија, не е акредитиран од страна на Институтот за акредитација.
„Акредитацијата се спроведува на барање на лабораторијата и значи проверена и потврдена компетентност од трета независна страна што во нашава земја го врши Институт за акредитација на Република Македонија (ИАРМ).
Методата за генотипизација не е акредитирана“, стои во одговорот што во „Екстра Меин“ го добиле од релевантниот институт.
„Исто така, министре дали го прочитавте извештајот од извршениот надзор на 6 јули од страна на д-р Флорентина Шурбевска и нејзиниот тим во фабриката на Екстра Меин во Куманово, која направила увид без присуство на санитарен здравствен инспектор и без направен записник до субјектот на надзор. Иако во документот Шурбевска информира дека имало присуство на инспектори, а подоцна да потенцира дека не присуствувале на увидот и сама се фаќа во лага. Брисевите и мострите кои ги земала при извршениот увид, се негативни на присуство на листерија. За да на крај апсурдот да биде поголем, Шурбевска во извештајот до Министерството за здравство наведува дека не ја исклучува можноста, при транспорт и одмрзнување на примероците да извршиле “загадување“ со споменатата бактерија, со тоа што истакнува дека не носеле соодветна опрема за транспорт на земените мостри“, се нагласува во реакцијата од фабриката.
Од „Екстра Меин“ нагласуваат дека имаат резултати од две акредитирани лаборатории според кои примероците од суровините земени од нивната фабрика се негативни за присуство на бактеријата.
„Со ова се доведува во прашање веродостојноста на резултатите произлезени од лабораторијата, како и тврдењето од денеска дека не е возможно при транспорт да се контаминира производот. Возможно е и не само при транспорт, туку и при несоодветно чување и манипулација во продавниците и во домашните услови. Дискутабилно, како и примерокот од Прилеп, со непознато потекло, отворен и неотворен чуван во услови за кои не знаеме какви се. За овој примерок директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство веќе се изјасни дека не е релевантен. Ако не е релевантен зошто е предмет на испитување? Дали тоа значи дека секој дома што се сомнева за неисправен производ може во секое време да повика инспекција? Министре, Вие во вестите на Сител телевизија изјавивте дека сите заболени од листерија, јаделе од производите на Екстра Меин. Тогаш, јавно ве прашуваме дали ја имате прочитано информацијата од ЈЗУ Инстутот за јавно здравје на Република Македонија за пријавени заразни заболувања предизвикани од листерија заклучно со датум 16 јули 2014 година? Потенцираме и бараме од сите инволвирани институции јасно и гласно да ја известат јавноста каде е листеријата. Само едно знаеме, нема листерија во производите на Екстра Меин“, потенцираат од засегнатата месна индустрија.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: