Добивај вести на Viber
Кумановската месна индустрија „Екстра меин“ ги отфрла резултатите од испитувањата што ги спроведоа Ветеринарниот институт и Агенцијата за храна и ветеринарство, а според кои во производот сецкан свински врат на оваа компанија е откриена опасната бактерија листерија од која заболеле осум лица.
„Сите производи, вклучително и сецканиот свински врат, се термички третирани, на температура од 73 до 79 Целзиусови степени, што значи загарантирано се уништува бактеријата листерија“, тврдат преку соопштение од прозваната компанија.
Дополнително, компанијата објаснува дека подлежи на константни контроли на квалитетот на производите и го има имплементирано и спроведува HACCP системот за контрола на квалитет.
Од почетокот на годинава, според редовниот план за мострирање, биле земени 158 мостри од производи и 112 брисови (69 од машини и работни површини и 43 од работници), а сите добиени резултати се негативни на присуство на каква било бактерија.
„Трите вонредни контроли во нашата фабрика во изминатите десет дена од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство и Министерството за здравство на целокупната HACCP документација и хигиенотехничките норми во објектот не покажаа никакви неправилности“, велат од компанијата, од каде најавуваат дека ќе побараат суперанализа од Агенцијата за храна и ветеринарство за наведениот производ, во реномирана светска институција, како на изолатот, така и на типизацијата.
Менаџментот на Екстра Меин посочува и на фактот дека мострата со бактеријата е пронајдена во производите во малопродажен објект, за кој компанијата не може да гарантира на кој начин биле чувани производите, дали била можна девакумација на истите и дали во тој случај тие дошле во контакт со други производи кои ја содржеле бактеријата.
Агенцијата за храна вчера ги повлече производите на „Екстра меин“ од продавниците, а целосно е запрено и производството во фабриката додека траат контролите за откривање на изворот на бактеријата.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: