ЕКСТРАДИЦИЈА НА КРИПТО КРАЛОТ КВОН ДО: Црна Гора одлучи да го испорача на САД, Јужнокореецот направи измама од 40 милијарди долари
Објавено во: Економија 02 Јануари, 2025
Девет месеци по неговото апсење, Црна Гора одлучи да го екстрадира Квон До во САД. Криптотајкунот е осомничен за имама на бројни инвеститори кои изгубија 40 милијарди долари инвестирајќи во неговата криптовалута.
Во петокот, министерот за правда на Црна Гора ја потпиша одлуката со која се наредува негова екстрадиција.Тој го потпиша решението откако Уставниот суд во вторникот ја одби жалбата на пресудата на Врховниот суд.
Форбс Хрватска за Квон До пишуваше уште во март, кога започна граѓанската тужба против него во САД. Тогаш, тој беше уапсен во Црна Гора, која најпрвин ја одобри неговата екстрадиција во Јужна Кореја, но подоцна ја промени таа одлука. Оттогаш отворена е можноста за екстрадиција во САД.
Уапсен во март, екстрадиција се чека во Канцеларијата за имиграција
Според медиумите, Уставниот суд на седницата во октомври прво го усвоил барањето за суспендирање на екстрадицијата на јужнокорејскиот крипто тајкун во Јужна Кореја или САД, а по избор на министерот за правда, до донесување на конечната одлука. Претходно, во септември, Врховниот суд усвои барање за заштита на законитоста и ги промени одлуките на Високиот и Апелациониот суд за екстрадиција во Јужна Кореја, со што утврди дека се исполнети условите за екстрадиција на До Квон во САД. Со истата пресуда судот одлучи списите на предметот да бидат доставени до министерот за правда на Црна Гора за да одлучува за дозволата за екстрадиција.
Американските и јужнокорејските власти го истражуваа До Квон за неговата улога во една од најголемите катастрофи во историјата на криптовалутите. Во мај 2022 година, вредноста на двете криптовалути што тој ги создаде, TerraUSD и Luna, падна, бришејќи 40 милијарди долари од пазарот на криптовалути и предизвикувајќи верижна реакција што ги турна другите дигитални крипто компании во банкрот, наведуваат американските медиуми. Инвеститорите ширум светот ги загубија своите заштеди. Истрагата заклучи дека До Квон ги лажел инвеститорите и а бил осомничен дека криел богатство.
Тој и неговиот деловен партнер Хаан Чанг Џун беа уапсени на 23 март минатата година на аеродромот во Подгорица кога користеле фалсификувани документи при пасошка контрола на лет за Дубаи.
До Квон беше осуден на четири месеци затвор во Црна Гора, а САД и Јужна Кореја побараа негова екстрадиција. По излегувањето од затворот во Спуж на 23 март, полициските службеници го однеле До Квон кај инспекторот за странци, а потоа по петчасовен распит го однеле во Прифатниот центар за странци.