Електронските картички ќе се делат преку матичните лекари
Објавено во: Мои пари 18 Јуни, 2013 20:09
Матичните лекари ќе ги делат новите електронските здравствени картички на здравствените осигуреници, кои веќе поднеле барање и извршиле уплата за легитимацијата. Прво Фондот за здравствено осигурување ќе достави списоци со изработени картички до матичните лекари кои ќе треба да ги контактираат своите пациенти.
Оние кои имаат извршена уплата, ќе си ја подигнат од избраниот лекар, додека оние на кои картичката им е изработена, а не е платена, ќе можат да ја подигнат со уплатница од подрачната служба на Фондот во соодветниот град.
„Досега имаме дистрибуирано околу 450.000 здравствени картички, околу 300.000 се доставени до Фондот и спремни за дистрибуција, а над 100.000 се персонализираат. Очекуваме летото да го завршиме со над 900.000 персонализирани и поделени здравствени картички“, најави директорот на ФЗОМ Јован Грповски.
Лекарската комора и Здружението на приватни лекари го поддржаа воведувањето на електронска здравствена картичка.
„Она што е придобивка за матичните лекари дека со помош на информатичкиот систем на Фондот ќе добијат увид во целокупната состојба на нивните матични пациенти, дали се активни, дали се пасивни и преку нивниот портал ќе имаат увид да видат каква е миграцијата на нивните матични пациенти, така што сето тоа ќе биде олеснување во нашето работење“, рече Лилија Чолакова Дервишова, од здружението на приватни лекари.
Преку матичните лекари картички ќе земаат пензионерите, земјоделците, самостојните вршители на дејност, уметниците и сите индивидуални осигуреници.
Осигурениците кои за електронска здравствена картичка аплицирале преку фирмата, оттаму ќе си ги земат легитимациите.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





