Електронско обележување на земјоделските парцели во Кочанско
Објавено во: Агробизнис 16 Мај, 2013 11:10
Земјоделците од Кочанско во изминатите три месеци електронски ги обележуваа сопствените парцели докажувајќи го сопственото присуство во фармер регистарот на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство.
- Во Подрачната единица на Министерството во Кочани досега се евидентирани 5.000 земјоделци во фармер региостарот, а своето право го искористиле 4.200 земјоделци, изјави Влатко Минов,раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Кочани.
Според Минов, ова е мошне значајно за земјоделците и за нивно пријавување за користење субвенции во 2013 година,со што се намалуваат манипулациите со површините и нивната сопственост. На овој начин, вели Минов, точно се прикажува површината која вистински ја поседуваат и обработуваат земјоделеците од Кочанско.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина
Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?





