20 Декември, 2025
0.0449

ЕЛЕМ денес нема да увезува струја, домашното производство натфрлено за 8,39 %

Објавено во: Мои пари 13 Јануари, 2017 12:20

Добивај вести на Viber

Снабдувањето со електрична енергија за домаќинствата  и  помалите компании на регулираниот пазар за електрична енергија  се одвива континуирано  и  во согласност со потребите.  

Во изминатите 24 часа кога е регистриран и преку 30 отсто поголем конзум во однос на вообичаениот за овој период,  целосно е одговорено на потребите на потрошувачите со оптимизација на домашните производни  капацитети, и преку набавка на електрична енергија.  За потрошувачите на регулираниот пазар се испорачани 21,459 MWh од кои 17,859 MWh или 83 % се обезбедени од домашните електроенергетски капацитети на АД ЕЛЕМ, а 3.600 MWh , односно 17 % се набавени од увоз. За првите 11 дена од годинава, домашното производство е натфрлено за 8,39 % во однос на планираното во енергетскиот билан, соопштуваат од ЕЛЕМ. 

Оттаму во соопштение упатено до медиумите велат дека сите расположливи капацитети за производство на електрична на АД ЕЛЕМ се ставени во погон и испорачуваат во согласност со потребите на тарифните потрошувачи. За денеска не е предвидена дополнителна набавка на електрична енергија и целосните потреби на потрошувачите на регулираниот пазар се обезбедени преку производство од домашните електроенергетски капацитети. Потрошувачката на електрична енергија постојано се следи и производството од домашните капацитети се адаптира во согласност со потребите на регулираниот пазар. Со оглед на најавите од АД ЕВН дека и претстојните денови се очекува и до 30 проценти поголема потрошувачка во однос на вообичаената за тој период, согласно распишаниот јавен оглас на АД ЕЛЕМ од 10 јануари за периодот од 14 до 22 јануари, во текот на вчерашниот ден е извршена набавка на вкупно 22, 824 MWh по просечна  цена од 79,38  евра за мегаватчас. Оваа цена е постигната при редовна постапка со негативна аукција. 

АД ЕЛЕМ нагласува  дека набавката на електрична енергија што се врши во овој период во услови нарекордна потрошувачка и екстремно ниски температури од кои е зафатен поголемиот дел од земјите во Европа, нема да влијае врз цената на електричната енергија за домаќинствата и за малото стопанство кои се на регулираниот пазар за електрична енергија. Средствата за таа намена компанијата во целост ги обезбеди од сопственото работење. 

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии