Потврдено: ЕЛЕМ и Балкан Енерџи во конкуренција за топланите, Топлификација само дистрибутер!
Објавено во: Економија 17 Декември, 2012 15:46
Фирма ќерка на ТЕ - ТО и Синтесис груп, заедничка компанија на државните Мепсо и Елем е во трка за трите лиценци за производство, снабдување и дистрибуција на топлинска енергија, информираше претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Димитар Петров на денешната средба со новинарите.
Како што минатата недела Фактор веќе објави, за сите три услуги се има пријавено ЕЛЕМ, чија компанија ќерка „ЕЛЕМ-Енергетика“ веќе снабдува со топлинска енергија околу 2.200 станови во Скопје. Фирмата ќерка на Топлификација, Дистрибуција на топлина аплицирала само за лиценцата за дистрибуција, информираше Петров. За да ги добијат лиценците, апликантите мораат да имаат договор со Топлификација за користење на нивните производствени капацитети, договор со јавното станбено претпријатие за користење на дистрибутивната мрежа и докажана финансиска способност.- Понудите се уште не се отворени и се очекува до крајот на годинава Регулаторната комисија да ги разгледа и да донесе одлука. Доколку никој не биде избран останува обврската на Топлификација да ги снабдува потрошувачите со топлинска енергија, рече Петров.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката





