05 Декември, 2025
0.0715

ЕЛЕМ претставен на саемот „Power Gen Europe“

Објавено во: Мои пари 06 Јуни, 2013 12:45

Добивај вести на Viber

Најголемиот европски саем за енергетика „Power Gen Europe“ во Виена, Австрија денеска ќе биде затворен. На овој саем изминатите три дена учествуваа најпознатите енергетски брендови од светот, меѓу кои и АД ЕЛЕМ. Ова е трето учество на АД ЕЛЕМ на „Power Gen Europe“. Пред две години ЕЛЕМ учествуваше на саемот во Милано, а лани во Келн. На саемот во Келн штандот на ЕЛЕМ го посетија преку 3.000 посетители и се воспостави комуникација со значаен број на компании, кои потоа учествуваа на тендерите од ЕЛЕМ. Генералниот директор на АД ЕЛЕМ Дејан Бошковски е задоволен од годинашното учество на Саемот и смета дека токму ваквиот начин на претставување доведува до значајни контакти преку кои во Македонија се трансферираат најновите технологии. - Имавме значајни контакти во изминатите три дена и можевме да се запознаеме со прогресот на технологиите во областа на енергетиката во изминатата година. Секако новите контакти ќе придонесат за поголем број заинтересирани компании за учество на нашите јавни повици за реализација на зацртаните проекти. Евидентно е дека ЕЛЕМ, единствената компанија од Македонија што се претставува на „Power Gen Europe“ веќе станува препознатлива на Саемот и нашиот штанд е се поатрактивен и попосетен, изјави Бошковски. Потсети дека на Саемот ЕЛЕМ преку 3Д проекција ги презентираше проектите парк на ветерни електрани Богданци, ХЕЦ Бошков Мост, браната Луково Поле, проектот Вррдарска долина и хидроелектраните Чебрен и Галиште на Црна Река. Штандот на ЕЛЕМ вчера го посети и македонскиот амбасадор во Австрија, Ѓорѓи Филипов, а вистинска атракција за пристуните претставуваше настапот на виртуозот на шишиња, Зоран Маџиров. Неговата изведба на познати арии и мелодии на шишиња предизвика внимание на сите посетители во халата Б на Виенскиот саем каде беше сместен штандот на АД ЕЛЕМ, кој беше лоциран веднаш до штандот на Руското министерство за енергетика.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј