19 Декември, 2025
0.1323

ЕЛЕМ СМИРУВА: Увезената струја нема да влијае врз цената на електричната енергија за домаќинствата

Објавено во: Македонија 09 Јануари, 2017 11:31

Добивај вести на Viber

Домаќинствата и помалите компании што се на регулираниот пазар за електрична енергија ги добиваат потребните количини енергија и ќе продолжат да ги добиваат соодветно на нивните потреби. 

Во текот на вчерашниот ден целосно е одговорено на потребите на конзумот  преку оптимизација на домашните  производни  капацитети, а поради екстремно ниските температури и зголемената потрошувачка која во текот на денот достигна и повеќе од 30 проценти од вообичаената за овој период од годината, дел од потребите, се набавени од увоз преку јавна и транспарентна постапка, соопштуваат од АД ЕЛЕМ, дополнувајќи дека како одговорна компанија ги ставиле во погон сите расположливи капацитети, а дел од количините преку редовна постапка за набавка на електрична енергија  ги обезбедиле на слободниот пазар.

Техничкиот зафат во термоелектраната „Битола 3“  на кој од саботата наутро интензивно работат стручни екипи на АД ЕЛЕМ и на РЕК Битола, поради  тешките временски  услови во кој се одвива се очекува да заврши во текот на денешниот ден, а после завршувањето на техничко технолошките проби, најдоцна до раните утрински часови и да биде оперативен и вклучен во електроенергетскиот систем. Вработените во АД ЕЛЕМ  и во РЕК Битола последните денови во период на екстремно ниски температури  прават натчовечки напори за целосно одржување на капацитетите во функција.

Стручните тимови на компанијата внимателно ја следат потрошувачката на електрична енергија и го прилагодуваат производството од домашните капацитети во согласност со потребите на тарифните потрошувачи. Доколку анализите покажат дека е потребно надополнување на потребите преку набавка на електрична енергија, постапката ќе биде спроведена во согласност со сите правила и процедури  донесени од  Регулаторната комисија за енергетика. 

Како што информиравме во текот на вчерашниот ден, набавката на електрична енергија  нема да влијае врз цената на електричната енергија за домаќинствата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки