28 Ноември, 2024
0.0273

Вељаноски: Парламентите од ЈИЕ да имаат поактивна улога во економските реформи

Објавено во: Економија 27 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Во време на продолжена економска криза, парламентите од Југоисточна Европа треба да имаат поактивна улога во процесот на економските реформи. Законодавната, надзорната и контролната улога на парламентите од регионот често е под влијание на извршната власт, што треба да биде надминато преку засилување на позицијата на парламентите, што е од исклучително значење за јакнење на демократските институции, истакна претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, на отворањетоп на 10. Конференција на претседателите на парламентите на земјите од ПСЈИЕ.

За да можат целосно да ја играат улогата на клучна институција во политичкиот ситем, смета Вељаноски, парламентите треба реално да бидат респектирани од сите субјекти во политичкиот процес, и од домашните и од надворешни чинители. Во транзициските и постранзициските општества на парламентите им е потребна поголема поддршка од јавноста и медиумите и поголем респект од страна на политичките партии за да можат легитимно да ја остварат својата клучна улога во демократскиот живот на земјите.

- Само силен и почитуван парламент може реално да ја врши контролната функција врз владата и во таа смисла да има реални и ефикасни економски и севкупни реформи. Пратениците, како директни избраници на народот се должни да одржуваат постојани контакти со своите гласачи и да ги преточуваат нивните барања и иницијативи до Владата или во конкретни законски решенија, особено на економски план, рече Вељаноски.

Несомнено е, истакна тој, дека во ЕУ постои релативен политички консензус оти Европа има одговорност кон регионот и неговата интеграција во ЕУ, но сепак, проширувањето веќе не е „голем проект“ за ЕУ.

- Проширувањето е долгорочен и стратегиски концепт, што не може да се мери со краткорочни резултати. За земјите од ЈИЕ членството во ЕУ се уште преставува единствен правец што ќе обезбеди стабилност и просперитет во иднина,  и покрај тоа што окружувањето е под ударот на глобалната економска криза, истакна претседателот на македонскиот Парламентот.

Националните парламенти на земјите учеснички во ПСЈИЕ, со поддршка на Европскиот парламент, според Вељаноски, треба да преземаат постојани напори за задржување на моментумот на реформи и моментумот на проширување.

- Одржувањето на темпото на реформи и проширување преставуваат две страни на една иста монета и се значајни за надминување на клучните предизвици на проширувањето, како што се почитување на владеењето на правото, разрешувањето на билатералните прашања и справувањето со економските проблеми, рече Вељаноски.

Република Македонија како земја во транзиција, од своето осамостојување, а особено по избувнувањето на светската економска криза, презеде серија на мерки за ублажување на последиците и за подобрување на социјално-економската состојба.

- Економскиот модел што Македонија го реализира успева да ги амортизира негативните ефекти со кои се соочува нашата економија како резултат на економската криза. Економските и монетарните показатели за овој период од 2013 година, се со позитивен предзнак, а особено се очекува подобрување на состојбите во втората половина од оваа година. Тоа го предвидува предвидува и бизнис заедницата, рече Вељаноски.

Генерален заклучок, според него, е дека финансискиот сектор во Македонија е стабилен и покрај сите нестабилности и несигурности што владејат во светската економија и на светските финансиски пазари. Стратешки приоритети остануваат зголемувањето на економскиот раст и конкурентноста на трајна основа, порастот на животниот стандард и квалитетот на живеење, намалувањето на стапката на невработеност и сл.

Се очекува на дводневната конференција да бидат усвоени документи за правилата и модалитетите за натамошен развој на парламентарната димензија на ПСЈИЕ што ќе доведе до формирање на Парламентарно собрание.

Во рамки Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИЕ), денеска и утре во Охрид се одржува 10. Конференција на претседатели на парламентите на ПСЈИЕ, прва од серијата настани со кои неделава ќе се заокружи македонското претседавање со Процесот.

Со конференцијата присуствуваат претседателот на бугарското Национално собрание Михаил Миков, скиспикерот на хрватскиот Парламент Јосип Леко, претседателот на Претставничкиот дом на Романија Валериу Згонеа и потпретседателот на Сенатот Флорин Констатинеску, претседателот на српското Национално собрание Небојша Стефановиќ, претседателот на турското Големо Национално Собрание Џемил Чичек, претседателот на словенечкиот Национален совет Митја Бервар и потпретседателот на Националното собрание Рената Брунсколе, како и потпретседателите на Претставничкиот дом на БиХ и на Црна Гора, Милорад Живковиќ и Суљо Мустафиќ.

Поради изборите во Албанија на конференцијата во Охрид земјата ја претставува претседателот на парламентарниот Комитет за надворешна политика Фатос Беја, додека од Грција присуствува претставник за регионална соработка и партнерство во рамките на ПСЈИЕ.

Освен официјалните претставници, како гости на конференцијата учествуваат заменик-претседателот на Европскиот парламент Ласло Сурјан, претседателот на Генералното собрание на ОБСЕ Волфганг Грошрук, генералниот секретар на Советот за регионална соработка Горан Свилановиќ, поранешната потпретседателка на германскиот Бундестаг Петра Блаз Рафајловски, поранешниот потпретседател на бугарското Национално Собрание Георги Пирински, како и претставници на фондацијата Фридрих Еберт и Секретаријатот за парламентарна соработка во ЈИЕ.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СОБРАНИЕТО ВРАБОТУВА, СЕ БАРААТ ДУРИ 27 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И ПЛАТИ НАД 64 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - етничка припадност веќе не се наведува, но еве што се бара

СОБРАНИЕТО ВРАБОТУВА, СЕ БАРААТ ДУРИ 27 ЛИЦА, А ЌЕ ИМА И ПЛАТИ НАД 64 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ - етничка припадност веќе не се наведува, но еве што се бара

Во која тетовска компанија директорот го зголеми бројот на негови акции за 85 отсто?

Во која тетовска компанија директорот го зголеми бројот на негови акции за 85 отсто?

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОШНИЦАТА СЕ КРЧКА, АМА ЗА МИНИМАЛЕЦОТ УШТЕ ЌЕ ПОЧЕКАМЕ – граѓаните скептични

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

ДОПРВА ЌЕ ИМА МНОГУ РАБОТА, ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕ РАБОТИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО- ОХРИД: Николоски со детали

ДОПРВА ЌЕ ИМА МНОГУ РАБОТА, ЕВЕ КАДЕ ЌЕ СЕ РАБОТИ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО- ОХРИД: Николоски со детали

ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ АКО ПЛАНИРАТЕ ОДНАПРЕД ДА ГО ПЛАТИТЕ ОДМОРОТ: Системот ETIAS ќе влијае на тоа

ОВА МОРА ДА ГО ЗНАЕТЕ АКО ПЛАНИРАТЕ ОДНАПРЕД ДА ГО ПЛАТИТЕ ОДМОРОТ: Системот ETIAS ќе влијае на тоа

СТАНОВИ ВО ГРЦИЈА ИМА И ПОЕВТИНИ ОТКОЛКУ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве ги детално цените на недвижности во атрактивните места

СТАНОВИ ВО ГРЦИЈА ИМА И ПОЕВТИНИ ОТКОЛКУ ВО МАКЕДОНИЈА: Еве ги детално цените на недвижности во атрактивните места

ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“

ВОРЕН БАФЕТ ГО ПРОМЕНИ ТЕСТАМЕНТОТ: „Не сакам да создадам династија“

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород

ГЕРМАНИЈА НАЈАВИ КРЕДИТ ОД 24 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: Ќе гради транспортна мрежа за водород