23 Април, 2018
0.0586

Елколект со награден караван одбележа успешен крај на наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ"

Објавено во: Мои пари 27 Декември, 2016

·  Извлечени се 15те  наградни купони, на учесниците кои во тек на наградната игра оставаа електричен и електронски отпад во еко магацините на Елколект, во општините Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Гевгелија и Богданци.

·  Во петте општини на 26ти декември 2016та, се организираа пригодни настани на кои присуствуваа дел од учесниците, тим на општините и претставници на Елколект.

Голем интерес од граѓаните, конструктивна соработка со општински тимови и поддршка од градоначалниците, вака тимот на Елколект ја сумираше акцијата преку која беше осмислено да се поттикнат и наградат совесните граѓани за правилниот третман на електричниот и електронски отпад во општините Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Гевгелија и Богданци. Наградната игра на Елколект „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ" започна на 28ми ноември 2016та година а заврши токму во празничниот период во времето за дарување.

Фана Христовска – управител на Елколект изјави дека е задоволна од резултатот на наградната игра и од соработката со општините, посочувајќи дека ваков вид на акции е од искучителна важност за едукација и јакнење на свеста кај граѓаните за потребата од селектирање на отпад со акцент на посебниот третман кон селекцијата на електронскиот и електричен отпад. Таа се заблагодари на граѓаните на петте општини кои земаа учество во наградната игра бидејќи тие директно придонесоа да се намали штетното влијание врз животната средина и здравјето  на луѓето од овој тип на отпад.

На 26ти декември 2016та награден караван на Елколект ги посети 5те општини во кои се организираше наградната игра „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ". Општините Ѓорче Петров, Карпош, Берово, Богданци и Гевгелија беа домаќини на последниот ден од наградната игра и секоја од општините го одбележа на свој начин со пригоден настан на кој беа извлечени наградните купони.

Во дел од општините, на овие пригодни настани присуствуваа и градоначалниците.

Сокол Митровски градоначалник на општина Ѓорче Петров се заблагодари на граѓаните на општината за учеството во селекцијата на овој тип на отпад  и ја поздрави иницијативата на Елколект за наградување на совесните граѓани. Тој истакна дека граѓаните се креатори на општината во која живеат и нивното учество во оваа акција на Елколект докажува дека свеста за потреба од еколошки чиста општина е на се повисоко ниво.

Драги Наџински – градоначалник на општина Берово се осврна на позитивната соработка со  Елколект  и го истакна своето задоволство од успешната акција, потенцирајќи го високиот степен на еколошка свест кај своите сограѓани како и разбирањето на важноста за примарна селекција на отпадот.

Извлекувањата во петте општини се одвиваа во секоја општина посебно, во простории одредени од општината а под надзор на тричлена комисија составена од два члена од соодветната општина и  по еден член од Елколект.

Во секоја од петте општини беа организирани соодветни настани на кои присуствуваа и дел од учесниците. Се извлекуваа купоните добиени за оставени електрични и електронски апарати во Елколект магацините во времетраење на наградната игра. Учесниците кои присутвуваа на извлекувањето и го имаа другиот дел од купонот со извлечениот број, имаа можност веднаш да си ја подигнат наградата. Учесниците кои не присуствуваа на извлекувањата, а нивниот купон со реден број е во резултатите од извлекувањето,  имаат можност заклучно со 31ви јануари да се јават во нивната општина или во Елколект и да си ја подигнат наградата. Подигањето на наградите се врши со другиот дел од купонот – како доказ и со документ за  лична идентификација.

РЕЗУЛТАТИ ОД НАГРАДНА ИГРА „ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ"

ОПШТИНА КАРПОШ 

ВИД НАГРАДА

ИЗВЛЕЧЕН КУПОН СО БРОЈ

ПРАВОСМУКАЛКА

002782

ТЕЛЕВИЗОР

002797

ЛАП ТОП

004194

ОПШТИНА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 

ВИД НАГРАДА

ИЗВЛЕЧЕН КУПОН СО БРОЈ

ПРАВОСМУКАЛКА

007395

ТЕЛЕВИЗОР

005258

ЛАП ТОП

006272

ОПШТИНА БЕРОВО 

ВИД НАГРАДА

ИЗВЛЕЧЕН КУПОН СО БРОЈ

ПРАВОСМУКАЛКА

009611

ТЕЛЕВИЗОР

009849

ЛАП ТОП

009718

ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА 

ВИД НАГРАДА

ИЗВЛЕЧЕН КУПОН СО БРОЈ

ПРАВОСМУКАЛКА

008068

ТЕЛЕВИЗОР

007825

ЛАП ТОП

008078

ОПШТИНА БОГДАНЦИ 

ВИД НАГРАДА

ИЗВЛЕЧЕН КУПОН СО БРОЈ

ПРАВОСМУКАЛКА

010704

ТЕЛЕВИЗОР

009025

ЛАП ТОП

010715

Токму во овој убав празничен период, Елколект внесе дополнителна радост. Најрадосни беа сопствениците на извлечените наградни купони кои присуствуваа на извлекувањето и веднаш си ги подигнаа наградите.

Преку наградните игри и општествено одговорните активности организирани локално, компанијата Елколект  сака да се заблагодари на граѓаните кои својот електричен и електронски отпад го оставаат на  пропишаните места, а воедно да ги поттикне останатите на отстранување на овој вид отпад од своите домашни или деловни простории, потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и човековото здравје. 


Можеби ќе ве интересира

Виталиа меѓу првите компании што го поддржаа системот за донирање на храна

Виталиа меѓу првите компании што го поддржаа системот за донирање на храна

На Скопскиот маратон ќе трчаме заедно со Стопанска банка а.д. Битола

На Скопскиот маратон ќе трчаме заедно со Стопанска банка а.д. Битола

На хуманитарниот базар во училиштето „Нова“ се собраа средства за Универзитетската детска клиника во Скопје

На хуманитарниот базар во училиштето „Нова“ се собраа средства за Универзитетската детска клиника во Скопје

Одложете го варосувањето и заштедете пари со овој лесен и едноставен трик за чистење ѕидови!

Одложете го варосувањето и заштедете пари со овој лесен и едноставен трик за чистење ѕидови!

Идеални за живот: Топ 10 градови во кои стрес на постои!

Идеални за живот: Топ 10 градови во кои стрес на постои!

Идеален за мини викенд патување: Ова е најевтинитот европски град!

Идеален за мини викенд патување: Ова е најевтинитот европски град!

Adidas Running ги претстави новите AlphaBOUNCE Beyond патики за трчање

Adidas Running ги претстави новите AlphaBOUNCE Beyond патики за трчање

ЊУЈОРШКАТА КОНВЕНЦИЈА И ИНВЕСТИЦИСКАТА АРБИТРАЖА ВО ФОКУСОТ НА ПАНЕЛИСТИТЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА -АРБИТРАЖАТА ДЕНЕС: ИНИЦИЈАТИВИ И ПЕРСПЕКТИВИ

ЊУЈОРШКАТА КОНВЕНЦИЈА И ИНВЕСТИЦИСКАТА АРБИТРАЖА ВО ФОКУСОТ НА ПАНЕЛИСТИТЕ НА МЕЃУНАРОДНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА -АРБИТРАЖАТА ДЕНЕС: ИНИЦИЈАТИВИ И ПЕРСПЕКТИВИ

Orbit наградна игра, МОМЕНТ ДА БЛЕСНЕШ

Orbit наградна игра, МОМЕНТ ДА БЛЕСНЕШ