18 Декември, 2025
0.2290

ЕМ КРАДЕШЕ ВОДА, ЕМ НАПАДНА СОВЕТНИЦИ ОД ГРАД СКОПЈЕ - кривична за полицаецот од Шуто Оризари

Објавено во: Македонија 02 Септември, 2025 14:44

Добивај вести на Viber

Министерство за внатрешни работи соопшти дека е покрената кривична пријава за полициски службеник кој нападна советничка и инспектори на град Скопје, кои утврдиле дека на диво се приклучил на канализациона мрежа.

- Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција Скопје - Специјализирано одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против Б.М., полициски службеник во Одделението за криминалистички работи Чаир при СВР Скопје поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“ по член 382 став 1 од Кривичниот законик - се наведува во соопштението на МВР. 

Од таму додаваат дека на 05.07.2025 инспектори на град Скопје утврдиле дека во општина Шуто Оризари има див приклучок на канализациона мрежа од страна на полицискиот службеник Б.М., а тој им се заканувал на присутните, употребил физичка сила кон советничката на град Скопје И.В. и ги спречувал инспекторите од град Скопје да снимаат со своите мобилни телефони со цел да ја документираат затекнатата состојба на терен, со што го попречувал инспекцискиот надзор.

- Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против полицискиот службеник Б.М. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки одземање на службеното оружје и муниција и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка - се појаснува во соопштението. 

Видеото од дивиот приклучок за вода на социјалните мрежи го сподели градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.


Можеби ќе ве интересира

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми