Емил Тедески, Атлантик Груп: Македонскиот пазар за нас е многу важен и ќе продолжиме да го развиваме
Објавено во: Мои пари 02 Април, 2013 08:59
Тедески Со аквизицијата на Дрога Колиска како компанија добивме силен и исклучително квалитетен производствен асортиман, тоа се брендови со долга традиција и одлична перспектива како што се Гранд Кафе, Смоки, Бананица, Штарк, Аргета, Кокта, Донат Мг... Од друга страна, постигнавме извонреден баланс на производство и дистрибуција и станавме рамноправен силен стопански субјект во сите земји од регионот. Нашата сила и know how-то кои ги развивме во регионот, заедно со нашето постоечко искуство и присуство во земјите на ЕУ, се одлична претпоставка за успешна понатамошна интернационализација на работењето. Македонија за нас е важен пазар. Во 2012 година тука остваривме приход од продажба во износ од 25 милиони евра, што е речиси за 9 проценти повеќе во однос на 2011 година. Раст е забележан во сите категории, првенствено во категоријата Кафе (Гранд Кафе), деликатесните намази (Аргета) и асортиманот Слатко и Солено (Штарк). Како и секаде во регионот, можам да кажам дека и во Македонија сме силен локален фактор, бидејќи успешно и уредно работиме, вработуваме 160 луѓе, инвестираме и ја развиваме работата и настојуваме дел од профитот кој го остваруваме на некој начин да го вратиме во заедницата во која го создаваме. Горд сум на нашите вработени и менаџментот во Скопје.
Што треба да се направи, за да се работи успешно и за време на рецесија?
ТедескиРаботењето во денешни услови е исклучително тешко. Меѓутоа, ние секогаш бевме проактивни, наоѓавме простор за раст, бевме доволно систематични и стабилни за да ги задржиме постоечките позиции, а сепак доволно флексибилни да можеме да се прилагодиме на потребите на окружувањето, на промените на пазарот. Сметам дека е важно понекогаш да се има храброст во нешто да се истрае, а понекогаш да се проба нешто ново, што обично значи и одреден ризик. Актуелната криза, која трае веќе неколку години, не не фати неподготвени. Работењето го реструктуиравме во време на раст, кога бизнисот одеше по нагорна линија, што ни помогна да го амортизираме влијанието на рецесијата. Исто така, заштедите ги баравме низ синергијата внатре во групата, обединувањето на набавката, маркетингот, функцијата на поддршка, и на тој начин успеавме да го задржиме планираното ниво на инвестиции и продолживме да го развиваме работењето и во услови на криза. Многумина сеуште чекаат да помине кризата и да се вратат старите добри времиња, но мора да се размислува и на тоа дека тоа не е веројатно сценарио. Условите се променија глобално, и потребно е да се размислува и за потенцијална промена на деловниот модел во многу сегменти.
Хрватска за неколку месеци ќе стане членка на Европска Унија. Како тоа ќе влијае врз работата на „Атлантик Група“ и општо врз работата на хрватските компании?
Тедески Атлантик Група е веќе значително присутна во Европската Унија, при тоа не мислам само на нашето работење со спортската прехрана и брендот Multipower, со кој сме водечки европски играчи во нашата област, туку и во асортиманот кој поттекнува од нашиот регион, а остварува одличен резултат кај европските потрошувачи. Примарно тоа се однесува на Аргета, која остварува одлични резултати и стабилен раст во Германија, Шпанија и Австрија каде во сегментот на паштети има дури 25 проценти од пазарот. Ова говори за квалитетот на производот, брендот и работната стратегија во услови на голема конкуренција, каде дури и ги немаме бенефициите на долгата традиција и препознатливост кои ги негуваме на нашите простори и тоа не е мала работа. Со влегувањето на Хрватска во ЕУ за нас ништо драстично нема да се промени. Глобалната конкуренција е веќе со години присутна кај нас и веќе подолго време работиме во високонкурентни услови. Од друга страна, нашето работење е во потполн склад со европската регулатива и стандардите и тука сме ускладени целосно. Она што ќе го добиеме, а што во перспектива во однос на конкуренцијата на европскиот пазар е многу важно, е ознаката „made in EU” на нашите производи, бидјќи на европскиот потрошувач сепак му значат одредени стандарди и му прават разлика.
Планирате ли преселба на дел од производствените капацитети во соседните земји кои се уште не се членки на Унијата?
Тедески Во Атлантик Група сме свесни за негативните импликации кои ќе ги почувствува целата економија со излегувањето од трговскиот режим на ЦЕФТА, а кој ќе настапи со нашиот влез во Европската Унија и во таа смисла ние сме компанија која активно учествува во иницијативите и напорите за пронаоѓање адекватни решенија преку преговори со владата на РХ и надлежните институции на Унијата. Влезот во ЕУ нема во поголема мера да влијае на самото работење на Атлантик Група, имајќи во предвид дека имаме добра алокација на производството внатре и надвор во земјите од Унијата. Нашите производни погони се наоѓаат во Германија, Словенија, Хрватска, Србија, БиХ и Македонија што ни овозможува рамномерно непречен трговски пласман на производите. Но, по влезот во ЕУ некои од нашите производи, како на пример Цедевита, ќе бидат изложени на повисоки царински тарифи, во моментов немаме намера на отворање на производни погони во земјите на ЦЕФТА.
Какви се вашите очекувања за европската економија и какви се вашите планови за „Атлантик Група“ за 2013 година?
Тедески Европа денес има свои предизвици, важно е тие адекватно да се надминат и решат, бидејќи ситуацијата во Европа егзистенционално влијае врз сите нас. Во Атлантик Група на дневна база не се оптеретуваме со светските проблеми. Се разбира дека врз нас влијае глобалната ситуација, на пример ние сме голем производител на кафе кое го купуваме од светските пазари и апсолутно на нас влијае развојот на целокупната ситуација, но со сето тоа се справуваме и го калкулираме во оперативна основа. Оваа година планираме од прилика еднаков органски раст како и во 2012 година, фокусирани сме на развојот на нашиот постоечки програм, зајакнување на регионалниот карактер на дистрибуцијата и интеранционалното работење на далечина.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





