Емирот на Катар сака да вложи милијарди долари во Хрватска! Македонија извиси?!
Објавено во: Економија 06 Ноември, 2012 10:59
Годинава Ал Тани беше во обиколка на Балканот, на Албанија, Бугарија, Полска...Иако на почетокот на мај годинава Ал Тани и 13 катарски бизнисмени одблизу ја скенираа Македонија, за сега нема ниту една конкретна најава за инвестиција. Отворање бензински пумпи и производни прехранбени фабрики, воспоставување директна авиолинија Доха-Скопје и инвестиции во рударство, туризам, недвижности, земјоделство и во енергетика тогаш најавија директорите, советниците и инженерите од осумте најголеми и најуспешни катарски компании. Претставниците на Qatar Investment Holding и на државната енергетска компанија Qatar Electricity and Water Company тогаш имаа неколкучасовен состанок со поранешниот генерален директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, интересирајќи се за докапитализација на ЕЛЕМ, преку влез во проектот Чебрен и Галиште. Од Владата тогаш брифираа дека катарските бизнисмени се интересирале дали и како можат да инвестираат во гасификацијата, во гасните електрани и во термоцентралите, но половина година подоцна нема конкретна инвестиција од Катар во Македонија.
Но, неофицијалните информации на Фактор од Qatar Electricity and Water Company се дека оваа компанија за сега не е заинтересирана да инвестира во енергетиката во земјава. Неофицијално, тие од Чингоски се обиделе да дознаат каква е енергетската слика на Албанија, како и можностите за инвестирање во термо и гасни централи во Албанија, не во Македонија.
Катарските бизнисмени пред шест месеци најавија и дека сакаат да произведуваат храна во Македонија и да ја извезуваат во Катар и на трети пазари. Според информации на Фактор, арапските бизнисмени се интересирале и за производство на сточна храна и жив добиток, конкретно говеда и говедско месо, а ја разгледувале и можноста за инвестиции во кланица, каде што би се колел добитокот по Халал стандарди и би се пласирал на арапските пазари. Но, од Владата се уште не се пофалиле дека арапските бизнисмени ќе отворат фабрика или ќе вложат своите милиони во Македонија.
Катар е втора најбогата земја во светот!
Со БДП по жител од 102.700 долари лани, Катар е втората најбогата земја во светот. Оваа земја минатата година оствари брутодомашен производ од 181,7 милијарди долари според куповната моќ. Дури 79% од економијата отпаѓа на индустријата, а 20,9% на услугите. Минатогодишниот раст на економијата достигна 18,7%.
Катар е една од најголемите и најбрзорастечки економии во светот. Нафтата и гасот придонесуваат оваа Арапска полуостровска земјав да стане една од најбогатите во светот. Извозот на Катар минатата година изнесуваше 104,3 милијарди долари, што ја рангира на 37 место во светот. Оваа земја извезува течен природен гас (ТНГ), нафтени производи, вештачки ѓубрива, челик, најмногу во Јапонија, Јужна Кореја, Индија, Сингапур, Велика Британија. Најголемиот увоз во оваа земја доаѓа од САД.
Домашните инвестиции во Катар лани изнесуваа 32,3 милијарди долари, а нивните инвестиции во странство 23,54 милијарди долари. Иако е меѓу најбогатите земји со нафта и гас, Катар води економска политика на инвестирање во три приватни фондови, кои се полнат со парите од продадениот гас и нафта. Емирот од Катар поседува свои острови во Нов Зеланд и во Австралија, купува земјишта, бачила, инвестира во енергетика, земјоделство, здравство, образование, туризам.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката
ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата
РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија
ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје
КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември





