16 Декември, 2025
0.2202

ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА: За осветлување на патиштата ќе плаќаме 7,7 милиони евра

Објавено во: Економија 06 Јули, 2022 13:55

Добивај вести на Viber

Во наредните година дена со енормно зголемената цена на електричната енергија на берзата и со либерализацијата на пазарот, осветлувањето на автопатите, експресните и регионалните патишта, како и она во тунелите ќе го платиме со 7,7 милиони евра.

Јавното претпријатие „Државни патишта“ склучи договор со Енерџи Деливери Солушнс (ЕДС) за сума од 472.000.000 милиони денари со вклучен ДДВ. За оваа сума за една година треба да чини наплатената електрична енергија за патните правци, клучките, тунелите, наплатните рампи и административните објекти на претпријатието.

Цената по која ќе се плаќа струјата е по онаа дневната на HUPX берзата помножена со профитната маржа од 15 отсто, која патем е најмалата понудена во случајов на ЕДС. „Државни патишта“ не е обврзано да ги потроши целокупните количини, а годишната потрошувачка е околу 12.000 мегавати електрична енергија. Во договорот се напоменува дека е можно инсталирање на нови приклучоци за осветлување на магистралните и експресните правци.

Досегашните расходи на „Државни патишта“ за електрична енергија изгледаа минорни во однос на останатите трошоци за одржување и за изградба на патиштата, но со почетокот на енергетската криза и либерализацијата на пазарот овој издаток станува  мошне влијателен за јавното претпријатие кое треба повеќе да мисли како да ги намали критиките за состојбата на патиштата, отколку да плаќа високи сметки за струја.

Од она што можевме да го видиме во структурата на трошоци на претпријатието, за 2020 како трошок за енергија биле платени 82 милиони денари (1,34 милиони евра), додека во 2019 годишната исплата била само 64,1 милиони денари (1,05 милиони евра).

Ова претпријатие својот буџет го темели на наплата од патарини, акциза од горивата и од регистрација на возила, а доколку е потребно се интервенира и со средства од државниот буџет.

Инаку во јануари ЈПДП информираше дека започнало постапка за дополнително етапно спроведување на максимална рестрикција на осветлувањето на патиштата, нешто што беше препорачано со уредбата за прогласување на енергетска криза.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Добро платени работни места за луѓе кои мразат состаноци

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Украинските напади и санкции го земаат својот данок – ова не се случило со Русија од 2022 година

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Историски максимум: Од почетокот на годината, цената на овој метал се зголеми за 113 проценти

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Што кажува банкротот на iRobot за глобалниот пазар на роботски правосмукалки?

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Уште една валута e на нов рекорден минимум

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Кои се најуспешните земји во ЕУ во однос на наплатата на ДДВ?

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Најлоши во ЕУ: Оваа земја е најзависна од парите што ги праќаат иселениците

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Зошто се намалува вредноста на доларот во однос на еврото?

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност

Најголемиот германски производител на челик привремено го запира производството во две големи фабрики - 1.200 работни места во опасност