20 Декември, 2025
0.0577

Енергетската ефикасност е од големо значење за граѓаните и за животната средина

Објавено во: Мои пари 03 Март, 2017 09:13

Добивај вести на Viber

На овогодинешниот Саем на градежништво посебен фокус е ставен на енергетската ефикасност. Објектите трошат околу 40% од енергијата и 40% од ресурсите кои се произведуваат на глобално ниво и поради тоа тие се едни од најголемите придонесувачи во продуцирањето на стaкленички гасови.

Оптималното искористување на ресурсите и на енергијата во домовите и во работните средини сè повеќе не е луксуз и привилегија, туку е услов кој треба да обезбеди подобра иднина. Од енергетските показатели може да се забележи дека 40% од енергетските потреби на Република Македонија се за задоволување на потребите на домаќинствата.

За време на саемот, контролори од областа на енергетската ефикасност ги презентираат мерките и придобивките од воведување на системи и методи за енергетска заштеда. Промоцијата на енергетските контролори на Саемот на градежништво и Саемот на недвижности РЕАЛ ЕКСПО е поддржана од Швајцарската Амбасада во Република Македонија во склоп на Програмата за зголемување на пазарната вработливост (IME – Increasing Market Employability) имплементирана од  Swisscontact и ПРЕДА Плус.

Граѓаните се повеќе се интересираат за придобивките од енергетската ефикасност и за да се увиди нивниот интерес беше направено видео истражување кое може да се погледне на: https://www.facebook.com/ime.org.mk/videos/1260242370732286/


Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии