Добивај вести на Viber
Италијанскиот премиер Енрико Лета денеска им се извини на младите Италијанци кои, поради рецесијата и рекордната невработеност се принудени да ја напуштат нивната земја.
Лета рече дека на младите им се извинува во име на политичката класа која е многу долго се правеше не разбира оти со своите аборови, дела и пропусти, дозволи да пропаднат страста, професионалноста и жртвувањето на младите луѓе“, пренесе АФП.
Во писмото објавено во италијанскиот весник „Ла стампа“, Лета посочува дека најголем долг на претходните генерации е направен токму кон младите луѓе поради повторување на истите грешки.
Стапката на невработеност во третата по големина економија во еврозоната достигна нов рекорд во април и изнесува 12 проценти, потсетува АФП.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.