27 Јули, 2024
0.0347

ЕОС Груп истражување: Инфлацијата и енергетската криза создадоа загриженост за финансиската иднина кај граѓаните во Европа

Објавено во: Мои пари 18 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Околу 47 отсто од потрошувачите во Европската Унија и земјите од Југоисточна Европа се загрижени за својата финансиска иднина, покажува истражувањето на потрошувачите што го спроведе Групацијата ЕОС („EOС Group“).  Истражувањето е спроведено во првата половина од 2023 година во земјите членки на Европската Унија, Швајцарија и земјите од Југоисточна Европа. Главни причини за ваквиот тренд се високата инфлација која ги зголеми трошоците за живот и енергетската криза, која минатата година донесе историски највисок раст на цените. Најмногу како резултат на овие два фактора, 53 отсто од испитаниците одговориле дека станале повеќе ценовно чувствителни, а 44 отсто од нив купувале производи на распродажба, односно со пониски цени, додека 33 отсто избегнувале непотребни трошоци и ја намалиле личната потрошувачка.

Во С. Македонија 42 отсто од испитаниците одговориле дека се ценовно чувствителни и внимаваат на својата лична потрошувачка. Гледано по земји, овој процент е највисок во Романија – 67 отсто, Унгарија - 66 отсто, Чешка – 63 отсто и Франција – 59 отсто. Според истражувањето на „ЕОС Груп“, како резултат на ваквите трендови, 33 отсто од граѓаните најмногу штеделе на услуги за релаксација и рекреација.

„Истражувањето јасно покажува дека инфлацијата и енергетската криза ја зголемија ценовната сензитивност кај граѓаните, но исто така се забележува и тренд на поодговорно трошење и грижа за домашниот буџет. Сите ние се обидуваме да ги намалиме личните задолжувања, а особено во време на криза и општа неизвесност. Главните трендови во истражувањето покажуваат дека финансискиот сектор треба повеќе да вложува во развој на решенија кои ќе бидат креирани според потребите на корисниците, а истовремено важно е да продолжи развојот на услуги креирани на база на доверба и разбирање на клиентите. Како водечки финансиски инвеститор за управување со побарувања, ние имаме голема експертиза во овој сегмент и продолжуваме да работиме на дополнително унапредување на алатките со кои ќе го подобриме односот со корисниците во интерес на двете страни“, истакна д-р Катерина Бошевска, генерална директорка на „ЕОС Матрикс“, дел од Групацијата ЕОС.

Истражувањето на потрошувачите покажува и благо зголемување на задолжувањето од 19 отсто. Најголем процент на зголемување на задолжувањето има во Романија и Унгарија од 30 отсто, а високо на листата е и С. Македонија, каде задолжувањето се зголемило за 29 отсто, а во Србија за 28 отсто. Подмирување на трошоците за греење, електрична енергија и храна биле главна причина за задолжувањето. Најголемиот процент на задолжување или 56 отсто отпаѓа на мали кредити до 1.000 евра, а 29 отсто отпаѓа на кредити од 1.000 до 5.000 евра. Овој тренд укажува на опаѓање на животниот стандард кај дел од граѓаните. Истражувањето укажува и на зголемено користење на готовина наместо електронско плаќање. Имено, 43 отсто од испитаниците одговориле дека користат повеќе готовина отколку шест месеци претходно, што укажува на зголемен страв и неизвесност кај граѓаните.

„ЕОС Матрикс“ е водечки финансиски инвеститор во сегментот на управување со побарувањата базиран на напредни технологии и иновативни решенија. Со своите активности и експертиза, „ЕОС Матрикс“ дава значителен придонес за развој на финансискиот сектор во земјата и проширување на палетата на услуги и можности. Компанијата одбележа 20 години од своето работење на пазарот. „ЕОС Матрикс“ е дел од „ЕОС Груп“, групација која работи на повеќе пазари. Во фискалната 2022/2023 година, обемот на инвестиции во портфолијата на побарувања на компанијата изнесува 1,2 милијарди евра, а приходите беа зголемени за 21,4 отсто. „ЕОС Груп“ е присутна на пазарите во 24 земји, а вработува 6.000 лица ширум Европа.

пр објава

Можеби ќе ве интересира

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

Samsung ве поканува на Galaxy AI Café на брегот на прекрасното Охридско Езеро

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ХАЈДЕЛБЕРГ ФАКУЛТЕТ ВО СКОПЈЕ ПАРТНЕР НА ФРАНКФУРТСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

ТИПСТЕР МАНИЈА, ТУРНИР ЗА СПОРТСКО ОБЛОЖУВАЊЕ НА 2win.мк

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Во Шведска, каде драматично се намали бројот на смртни случаи од тутун, никотинот не е непријател

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Хоратиус Радиксименуван за нов комерцијален директор на Кромберг и Шуберт во Битола и Скопје

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Успешна и профитабилна прва половина од годината за НЛБ Банка

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Новиот Transporter – Совршено работно место за професионалци во движење

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Македонски Телеком го постави првиот подводен оптички кабел во Македонија

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје

Сава пензиско друштво а.д. Скопје преку иницијативата „Вие ажурирате, Ние Донираме“ обезбеди донација за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата Козле Скопје